1 МАРТ: На денешен ден:
1877 или 1878 година во Злетово е роден Милан Арсов Генов бугарски фармацевт, кој станал жртва на српскиот режим во Вардарска Македонија. Член е на Сојузот на бугарските научници, писатели и уметници, на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација и на ММТРО кон Внатрешната македонска револуционерна организација. Син е на Арсо Генов Злетовецо член во епархалниот совет при бугарската митрополија и во општинскиот совет, и на Анастасија. Завршил во нецелосната четирикласна машка бугарска гимназија во Скопје, а потоа завршува гимназија во Ќустендил. Заминува во Разград, каде што работел некое време во аптеката на Торчанов. Дипломира како фармацевт со одличие на Медицинскиот факултет во Цариград во 1900 година и во Скопје отвора сопствена аптека, опремена со сопствена амбуланта за лекарски прегледи и преврски на ранети четници на ВМОРО. Истата година се оженил со Катја Шукарова од Велес. Поради неговата сомнителна активност, неколку пати е затворан од страна на турските власти.
23 ФЕВРУАРИ: На денешен ден:
1864 година во Охрид е роден генерал-полковник Крстју Златарев – командант на 11-та пешадиска македонска дивизија во Првата светска војна. Златарев го завршува Софиското воено училиште. Во Српско-бугарската војна (1885 година) учествува како јункер. Во Првата балканска војна (1912-1913 година) командува со ХХIХ пешадиски Јамболски полк, кој на 4 ноември 1912 година го зазема Форт Иллери табија од Чаталджанската позиција, а на 13 март 1913 година – Форт Илдз табија од тврдината Едрене. Подоцна командуваниот од него полк се бие кај Кукуш (20-21 јуни 1913 година) и во борбите до Горна Џумаја. При формирањето на 11. пешадиска Македонска дивизија во 1915 година му е доверено нејзиното комансување. Златарев учествува во воените дејствија околу Криволак, Бистренци и Богданци во 1915 година, како и по планината Беласица во 1918 година Два пати е рануван – при Чаталджа и Горна Џумаја. Убиен е во атентатот во црквата „Св. Недела “ во Софија.
10 ФЕВРУАРИ: На денешен ден:
1922 умира Христо Апостолов Матов – еден од лидерите на ВМРО и нејзин теоретичар. Роден е на 10 март 1872 година во Струга. Воспитаник е на Солунската бугарска машка гимназија, а подоцна дипломирал на Факултетот за историја и филологија на Софискиот универзитет. Директор е на Бугарското педагошко училиште во Сер, а подоцна предава на Бугарското педагошко училиште во Скопје.
Во 1897 година Матов под псевдонимот Дримколов ја издава брошурата „Сръбските претенции в Западна България“, во која ја докажува бугарштината на словенското население во Македонија и ги отфрла како неосновани тврдењата дека тоа е српско. Брошурата започнува на следниов начин:
ʺВъ тая статия искамъ да сподѣля съ читателитѣ нѣколко мисли за претенциитѣ, които въ най-ново врѣме поддигнаха Сърбитѣ върху оная наша страна, която етнографски се нарича Западна България, а археологически е позната подъ име Македония.
Фактъ е, констатиранъ вече, че Македонскитѣ Българи сѫ захванали да се събуждатъ по-рано отъ Мизийскитѣ и Тракийскитѣ..ʺ
Поддржувач на И. Гарванов и Б. Сарафов и противник на Ј. Сандански.
19 ЈАНУАРИ: На денешен ден:
1879 година во Ресен е роден Симеон Радев (1879 – 1967). Член е на ВМОРО од 1895 година. Неговото директно учество во македонското движење се прекинува по поразот на Илинденското востание во 1903 година. Учествува во Првата и Втората Балканска војна. Во 1913 година бил член на Бугарската делегација за склучување на мир во Букурешт. Ополномоштен министер е во Букурешт, Берн, Хаг, Константинопол, Вашингтон, Лондон и Брисел. Член е на Народнолибералната партија до 1913 година. Како студент соработува со швајцарскиот печат со статии за положбата на населението во Македонија. Во Женева издава двонеделен лист на македонските револуционери на француски јазик – „L’Effort“, а во Париз – „Le Mouvement Macedonien“. Основач и директор е на весникот Волја. Од 1902 година до 1912 година развива активна публицистична активност (околу 1400 публикации) – коментари, беседи, памфлети, прегледи, интервјуа, очерци за личности од целиот свет, репортажи за настани во Бугарија и во странство и др.
Негово најпознато дело е документарната историска хроника “ Строителите на съвременна България“ – крупна творба на бугарската историографија и литература.
Автор на “ Македония и Българското възраждане през XIX век“, издадена на француски јазик во 1918 година
Доброволец во Балканската војна, учесник во Македоно-одринското ополчение – Трета Солунска дружина која војува против Србите во Осоговските Планини.
Еден од основачите на Македонскиот научен институт.
––––––––––––––––
На снимката: Кнез Кирил Преславски и Симеон Радев пред средбата со претседателот Херберт Хувер, Вашингтон, 1929 година