18 декември На денешен ден:

danail11852 година е роден  Данаил Цонев Николаев – бугарски офицер, генерал од пешадијата  (1909 година), првиот бугарин со највисок воен чин (за покажана храброст во борбите на врв Шипка добива чин „поручник“). Во 1875 година го  завршува Одеското  воено пешадиско училиште. Учествува во Српско-турската (1876 година) и во Руско-турската војна (1877-1878 година). По ослободувањето е началник на източнорумелијската  милиција. Командува со војниците во Пловдив при прогласувањето на обединување на Источна Румелија со Кнежеството Бугарија 1885 година Во Српско-бугарската војна 1885 година е командант на Источниот корпус. Во 1895-1897 година (по смртта на Трајко  Китанчев) е претседател на Врховниот македонски комитет (од 1900 година – ВМОК). Министер на војната (1886-1887 година и 1907-1911 година). Како министер за војната ги  расформира сите единици  кои учествувале во соборувањето на Александар I Батенберг, организирал  вонреден суд кој издал смртни казни на офицерите во русофилскиот  бунт во Русе. За големи заслуги кон Бугарската армија е нарекуван „патријарх на бугарското офицерство“. Награден е со орден „Св. Св. Кирил и Методиј“ (1936 година). Кум е на престолонаследникот Симеон (II) (12.07.1937 година). Данаил Николаев умира на 29 август 1942 година.

17 ДЕКЕМВРИ На денешен ден:

113

На 17 декември 1906 година Левицата во ВМОРО (12 делегати од Серскиот и Струмичкиот револуционререн округ) го распаѓаат  конгресот на Внатрешната организација во Софија. Мнозинството (23 делегати) се конституирааат  како советодавно собрание. Во Задграничното представителство  се избрани: Христо Матов (на сликата), Иван Гарванов и Борис Сарафов.

Иван Гарванов е еден од основачите во 1897 година на Бугарското тајно револуционерно братство во Турција, образувано во противтежа на ВМОРО. По вклучувањето на братството во 1899 година во ВМОРО станува член на Солунскиот комитет. Во 1901 година, по Солунската афера, застанува на чело на ЦК на ВМОРО. Под негово раководство на Солунскиот конгрес на ВМОРО (1903 година) се донесува одлука за кревање на востание. По Солунските атентати во април 1903 година е уапсен и испратен на заточение во Акя, Мала Азија. Ослободен е во 1904 година.  Во составот на Задграничното представителство  на ВМОРО, станува гласноговорник на идеите на десното течение. Убиен е заедно со Борис Сарафов по налог на Јане Сандански.

Во Бугарија одбележуваат 150-години от раѓањето на Андреј Љапчев

На 12 декември 2016 година, понеделник, од 17:00 часот, во Големиот салон на БАН, Институтот за истражување на уметностите одбележува 150-годишнината од раѓањето на Андреј Љапчев.

Личноста и името на премиерот на Бугарија (1926 – 1931 година) е длабоко поврзано со Бугарската академија на науките, а особено со Институтот за истражување на уметностите, чија административна зграда се наоѓа во неговата куќа на ул. Кракра 21.

Свечената вечер посветена на 150 години од раѓањето на политичарот Андреј Љапчев, е во рамките на настаните Art Hour кои Институтот ги организира месечно во Големиот салон на БАН. За улогата во бугарската историја на Љапчев ќе зборува историчарот доц. Д-р Румјана Парванова. За односот на Љапчев со Бугарската академија на науките ќе раскаже доц. Д-р Емануел Мутафов.

Андреј Тасев Љапчев е бугарски политичар од Македонија (роден во Ресен). Учесник е во Демократската партија. Тој е премиер во владите кои владееле со Бугарија од 1926 до 1928 и од 1928 до 1931. Член-основач на Македонскиот научен институт. Во 1910 година Андреј Љапчев е номиниран од Христо Славејков за Нобелова награда за мир.

97 години од срамниот Нjоjски договор

На 27 ноември 1919 година во париското предградие Нјоj сур Сен е потпишан мировниот договор меѓу Бугарија и победниците од Првата светска војна, групирани во т.н. Антанта, коj останал во бугарската историја како Нјојски договор.

Според неговите одредбите Бугарија губи 11 000 квадратни километри од својата предвоена територија. Областите на Димитровград, Босилеград и Струмица, како и неколку села во Кулско се дадени на новоформираната Србско-хрватско-словенечко кралство, територијата меѓу реките Места и Марица се поставени под управувањето на Антантата, а потоа пренесени на Грција, а Јужна Добруџа повторно поминува под романска контрола.

На земјата и се воведени исклучително тешки репарации и контрибуции кои треба да ги компензираат загубите на противниците од бугарското учество во војната.

За период од 37 години Бугарија треба да исплати 2,25 милијарди златни франкови, како и да обезбеди на своите соседи 250 000 тони јаглен, 33 000 овци, 13 500 крави, 12 500 коњи, 9200 волови и др. Договорот и забранува на Бугарија да има регрутна армија, а нејзините вооружени единици можат да се се состојат само од волонтери и да не надминуваат 33 000 луѓе.

Бугарската делегациja коjа учествува на мировниот договор
Бугарската делегациja коjа учествува на мировниот договор

Во договорот се вклучени и специјални клаузули за размена на малцинства со Грција, кои се користат од страна на властите во Атина во 20-те и 30-те години за етничко чистење на Јужна Македонија и Тракија од Бугари.

Потпис под договорот става бугарскиот премиер Александар Стамболиски, а според популарната легенда веднаш потоа јавно го крши пенкало за да и покаже на Антантата односот кон диктатот кој таа го наметнува над Бугарија …