1 ЈАНУАРИ На денешен ден:
1893 година во Казанлак е роден генерал-полковник Васил Бојдев (1893 – 1983). Командант на Воздушните сили од 1936 до 1941 година и командант на Петтата армија од 1941 до мај 1944 година. Еден од хероите на борбите со соглашенците крај Охридското Езеро во 1916 – 1917 година На негово име е наречено Бојдево, село Пештани, Охридско, каде офицерот војува во двете светски војни. Во 1941 година при склучување на договор и протокол за влез на германските војници во Бугарија, преговорите се предводени од ген. Васил Бојдев со штабот на Дванаесета германска армија во јануари во Синаја, Романија. Отпуштен е од војската во 1944 година. Умира во Тројан на 23 април 1983 година
31 ДЕКЕМВРИ: На денешен ден
1939 година умира Делјо Динев Марковски, бугарски револуционер, деец на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација, костурски војвода и учесник во Илинденското востание.
Делјо Марковски е роден во 1871 година во село Косинец, Костурско.Се занимава со трговија. Привлечен е во ВМОРО од Лазар Поп-Трајков во 1898 година. Како последица на Иванчовата афера од 1901 година е уапсен и лежи 2 години во затвор во градот Корча. Заедно со Лазар Киселинчев, Васил Чакаларов и Атанас Каршаков организира канали за внос на оружје од Албанија и Грција.
Делјо Марковски учествува во Илинденското востание во летото 1903 година како војвода. По задушувањето на востанието продолжува да се занимава со трговија, одкако отвора бакалница и касапница и во блиската до Косинец паланка Билиште. Тука се работи за приближување на ВМОРО и албанскиот револуционерен комитет на Черчиз Топули, Михал Грамено, Темистокли Грмени, Адем беј и Танас Настоплиси. Поради тоа командантот на Билиште мајор Рамиз беј прави неуспешен атентат врз него, при што по грешка е убиен негов соселанин на име Делјо, потоа го изгонува од градот и дава зелено светло на шефот на грчкото андартско движење во Костурско Георгиос Цондос (капетан Вардас ) да биде нападнато родното село на Марковски Косинец.
На 3 мај 1907 година откако селаните заминуваат на печалба во странство, 320 члена грчка чета предводена од капетаните Јанис Критикос и Христос К. Мичос одседнуваат во К’рчишта каде локалниот гркоманин Пандо Гачко ја снабдува со турски алишта и потоа во текот на денот предводена од курирот Спиро Влаот го напаѓа Косинец. Марковски организира одбрана на селото – заедно со Георги (Гако) Кенков се сместени во една куќа, Гјуто (Јото) Стасков и Митре Пировски во втора, а малото му братче Крсто – во трета и петмината ги потиснуваат андартите кои приквечер се повлекуваат со 20 лица жртви. Од селаните е убиена Султана Динева Гушлева, деец на комитетот и една девојка која е расечена на парчиња. При повлекувањето андарти ја опожаруваат куќата и дуќанот на Марковски.
По Младотурската револуција во 1908 година Делјо Марковски се занимава со политика, а потоа активно учествува во дејноста на обновената од Тодор Александров Внатрешна македонска револуционерна организација. Во почетокот на Првата светска војна се наоѓа во Албанија, каде што помага на албанските револуционери. Подоцна е вклучен кон разузнавачката служба на Штабот на армијата, каде се зближува со протерани од режимот на Елевтериос Венизелос Грци-ројалисти, меѓу кои и капетан Јанис Критикос кој во 1907 година го напаѓа Косинец, и им уредува канал за преписката им со Германија. Го раководи разузнавањето против француските војници во регионот на Поградец. Во тоа време неговата сопруга се наоѓа во Д’мбени, каде е измачувана од француски контраразузнавач, за да изкопчаа информации за Делјо Марковски.
По завршувањето на војната Марковски се населил со семејството во Софија, каде што починал во 1939 година
30 ДЕКЕМВРИ:На денешен ден
1909 година завршува организационата обиколка на Христо Чернопеев во Струмичкиот револуционерен округ за обновување на нелегалната борба. Тој ја почнува обиколката на 14 декември 1909 година. Христо Чернопеев се вклучува во активностите на ВМОРО во крајот на XIX в. Во Кукушко раководи школа за обука на идни војводи. Зема учество во аферата „Мис Стоун“. За време на Илинденското востание во 1903 година се бори со турските војници во Разлошкиот крај. По поразот на востанието продолжува револуционерната дејност. Одржува блиски контакти со Јане Сандански. По Младотурската револуција од 1908 година учествува во создавањето на Народната федеративна партија. Во 1911 година станува член на ЦК на ВМОРО. За време на Првата балканска војна (1912-1913 година) се вклучува во Македонско-одринското ополчение, предводи чета во родопски одред. Учествува и во Првата светска војна (1914-1918 година). Загинува во борбите кај Криволак.
30 ДЕКЕМВРИ На денешен ден:
1852 година роден е Даниел Цонев Николаев, бугарски офицер, генерал од пешадијата. Учесник во Српско-турската војна, Руско-турската војна (1877 – 1878), обединувањето на Кнежеството Бугарија со Источна Румелија и Српско-бугарската војна. Министер во предвечерието на Балканските војни. Првиот офицер кој ја добил највисоката титула во бугарската армија – генерал на пешадијата. Познат како „Патријархот на бугарската војска“.