7 ЈАНУАРИ На денешен ден:

12809125231862 година во Цариград умира Константин Миладинов (1830 – 1862). Бугарски преродбенски просветител и книжовник, борец за национална независност. Помал брат е на Димитар Миладинов. Учи во Охрид и Јанина (1844 – 1847). Завршува грчка филологија на Универзитетот во Атина. Работи како учител во с. Магарево. Во 1856 година заминува да учи во историско-филолошкиот факултет при Московскиот универзитет. Во Москва одржува врски со Љубен Каравелов, Рајко Жинзифов, Рајно Попович и др. Печати песни во списанието. „Братски труд“, „Бугарски книжици“, в-к „Дунавска лебед“. Под водство на својот брат собира фолклорни дела кои ги однесува во Русија. Во Виена хрватскиот бискуп Јосип Щросмајер го поттикнува да го издаде подготвениот зборник со народни песни, при што му нуди и материјална поддршка. Зборникот е преработен и издаден на бугарски јазик во Загреб во 1861 година под наслов „Български народни песни“. Разбрал за апсењето на Димитар, заминува за Цариград, каде што е уапсен. Умира 4 дена пред својот брат во Цариградскиот затвор.

5 ЈАНУАРИ На денешен ден:

georgi-vazov1860 г. Во Сопот е роден генерал Георги Вазов (1860 – 1934). брат е на писателот и поет Иван Вазов и на ген. Владимир Вазов. Го завршува Одеското пешадиско училиште и Руската военно инженерска академија. Еден од организаторите на русофилскиот преврат на 9 август 1886 година. Емигрира во Русија, каде што служи во Закаспијската област околу 10 години. По враќањето во Бугарија е инспектор на инженерските војски (1904 – 1908). За време на Првата балканска војна (1912 – 1913) во Одринската операција командувасо  Источниот сектор. Раководи со секторот за време на офанзивата на сојузничките трупи два месеци подоцна, при што Едрене е освоен. На неговиот участок се заземени првите фортови Ајвазбаба, Ајджиолу и др. Учествува во пленувањето на Шукри паша.

Министер е на војната од 27 јуни до 28 август 1913 година Автор на неколку трудови за војните во 1885 година и 1912 – 1913 година Умира на 13 август 1934 година во Софија.

4 ЈАНУАРИ На денешен ден:

Димче Могилче1908 година се самоубива Димко Сарванов, наречен Димко  Могилчето или Димче Могилче, бугарски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација.

Димко Сарванов е роден во 1879 во битолското село Могила, тогаш во Османлиската империја, денес во Република Македонија. Завршува основно училиште во Могила и станува член на ВМОРО, каков што е и неговиот постар брат. Влегува во четата на Ѓорѓи Сугарев и дејствува со неа во Битолско и Мариово. По разделувањето од неа,  четник е при Иван Кафеџијата, со која за време на Илинденското востание дејствува во Пелистер и Преспа. Во 1904 година станува војвода на самостојна чета. Негов четник е Грујо Акелов.

По смртта на Георги Сугарев ја продолжува борбата против четите на грчката пропаганда во Мариово. Определен е за битолски реонски војвода со тоа што  дејствува со 8 лица четници и во реонот на Малко Мариово. Негови помошник војводи се Христо Атанасов, Иван Димов Пашата и Алексо Стефанов

На 4 јануари 1908 година Сарванов паѓа во заседа во селото Ношпал и за да не падне жив во рацете на Турците се самоубива.

Погребан е на гробиштата во дворот на црквата „Света Недела“ во Битола.

2 ЈАНУАРИ На денешен ден:

%d0%bd%d0%b0%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d0%b8%d0%b2%d0%b0%d0%bd-%d0%b3%d0%b0%d1%80%d0%b2%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%b2-460x4451903 година од 2 до 4 јануари во Солун се одржува конгрес на ВМОРО (Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација), предводен од Иван Гарванов. Донесена е одлука за кревање на сеопшто востание (Илинденското востание во 1903 година) за ослободување на бугарското население во Македонија и Одринска Тракија, предадени на Отоманската империја во согласност со Берлинскиот договор. Највидните дејци и раководители на ВМОРО Гоце Делчев, Дамјан Груев, Ѓорче Петров и други се против избрзани акции. Откако станува невозможно да се поништи одлуката, се прецизира востанието да се одложи за летото.