11 ЈАНУАРИ На денешен ден:
Коце Ципушев е роден во Радовиш во 1877 година. Завршува средно образование во родниот град, по што во 1895 година продолжува со студии во бугарската машка гимназија „Св. Св. Кирил и Методиј“ во Солун. Во Солун станал член на тајниот ученички кружок, кој е помошна единица на ВМОРО под раководство на Даме Груев . Ја завршил гимназијата во 1899 година. Се жени за Екатерина Александрова, сестра на Тодор Александров, како кум му е Гоце Делчев, а Даме Груев му е старосватот.
Во 1899 година се запишува во Високото училиште во Софија, како студент по хемија. Од 1900 до 1902 година го продолжува своето образование во Женева, каде што студирал заедно со Симеон Радев. По завршувањето на студиите се враќа како учител во родниот крај, каде што ја продолжува револуционерната дејност. Раководител е на револуционерниот комитет во Кочани. Во почетокот на 1903 година заминува за Костур, каде е учител во бугарското училиште. Уапсен е од властите и лежи во Битола до април 1904 година. Во 1905 година е назначен за учител во Битола, но властите не му дозволуваат да го заземе местото. Во март 1906 година властите повторно го затвораат четири месеци во Куршумли ан во Скопје.
Во 1913 година по Втората балканска војна е принуден да се пресели во Софија. Од 1914 година е претседател на окружната постојана комисија на новоослободениот Струмички округ. Раководи со револуционерниот пункт во Струмица според директивите на Тодор Александров. По Валандовската акција во 1915 година е повикан за објаснување лично од премиерот Васил Радославов.
По крајот на Првата светска војна на 6 ноември 1918 година е уапсен од англиските окупаторски војски, предаден на српските власти, кои по тортура го осудуваат на смрт, заменети подоцна со 20 годишна затворска казна. Излегува од затвор во 1937 година.
Се враќа во Македонија по анексијата од Бугарија во 1941 година Од 1942 година е потпретседател на Радовишко друштво на Илинденската организација. Во 1943 година во Софија објавува спомени, под наслов „19 години во српските затвори. Спомени „. Предговор кон изданието, насловен „Еден тврд Бугарин“, е напишан од Симеон Радев. Книгата подоцна е систематски уништувана од комунистичките власти. По 1944 година е принуден да се врати повторно во Софија. Предложено му е од новите власти да соработува при македонизацијата на населението во Пиринско, но тој категорично одбива. Умира во Софија на 11 јануари 1968 година.
Револуционерот Кирил Ципушев е негов внук, а Благој Ципушев – внук. Спомените му се адаптирани на македонски литературен јазик и издадени во Скопје во 2003 година од Владимир Перев. Во 2006 година спомените се реиздаваат и во Софија.
8 ЈАНУАРИ На денешен ден:
1866 година роден е Славејко или Славчо Гигов Пирчев, бугарски офицер и револуционер, војвода на Внатрешната Македоно-Одринска револуционерна организација.
Славчо Пирчев е роден на 8 јануари 1886 година во Брезник, каде и завршува средно образование..
Во 1906 година како четник при Демирхисарскот војвода Алексо Стефанов влегува во Македонија. Во 1907 година е четник при Велешко војвода Иван Наумов – Алјабакот. На 17 јуни 60 члената чета влегува во Македонија преку Ќустендил и учествува во борбите на Ножот. Славчо Пирчев е определен за битолски војвода во јануари 1908 година.
Пред почетокот на Балканската војна Славчо Пирчев е определен за војвода на партизански одред № 20, кој заминува за Битолското поле. На 12 октомври 1912 година 13 чети, меѓу кои и оние на војводите Васил Чакаларов, Георги Попхристов, Христо Силјанов, Иван Попов и Славчо Пирчев водат целиот ден борба со турската војска кај село Конопиште. Турците се исплашени од опкружување и панично се разбегуваат. На 16 октомври четата на Славчо Пирчев води борба со турскиот аскер кај Горничево, а на 2-3 ноември, заедно со четата на Алексо Стефанов, го подпомагаат преземањето на Битола со помошни борби кај Боиште и Гопеш.
Славчо Пирчев се повлекува во контролираниот од бугарската армија дел на Македонија, за да не падне во српско заробеништво. Подоцна служи во 1 чета на 11 серска дружина и во здружената партизанска чета на МОО.
Во Првата светска војна Славчо Пирчев е командант на вод во Петти македонски полк. Учествувал во прочистувањето на србоманските чети во Вардарска Македонија. По 1919 година се вклучува во востановената од Тодор Александров ВМРО. Умира на 21 јануари 1973 година во Софија.
8 ЈАНУАРИ На денешен ден:
1951 година умира Војдан Чернодрински (1875 – 1951), драматург, театарски деец и писател. Неговото вистинско име е Војдан Попгеоргиев Кузманов. Роден е во 1875 година во Дебарско. Автор е на драми ( „Македонска крвава свадба“, 1900; „Робот и агата“, 1901; „Зло за зло“, 1904; „Цар Пир“, 1921; „Невремето крај Вардар“, 1925 и други, меѓу кои бројни едноактни пиеси и сценки). Раководител на патувачката трупа „Скрб и утеха“ (основана во 1901 година, преименувана во 1902 година на „Столичен македонски театар“). Актер (освен во предводените од него театарски формации, игра за кратко време во трупите на театарот „Солза и смеа“ и Народниот театар). Војдан Чернодрински останува до крајот на својот живот во Бугарија. Автор е на многу драми, како и на либретото на операта на Маестро Атанасов „Цвета“, напишано според „Македонска крвава свадба“.
7 ЈАНУАРИ На денешен ден:
Започнува Крвавата Коледа или Крвавиот Божик -кампања од политички репресии
Ова е епизода од политичкиот терор во Социјалистичка Република Македонија, при што се ликвидирани или малтретирани без суд или пресуда луѓе со изјавена бугарска самосвест. Злосторствата извршени од комунистичките власти почнуваат на 7 јануари – христијанскиот празник Божиќ по стар стил.
По наредба на маршал Тито се погубени 1200 Бугари, според списоци кои се подготвени од Лазар Колишевски. Целта била да се избрише бугарската самосвест и да се забрза процесот на македонизација на населението. Според Веселин Ангелов за време на репресиите во 1945 година во Охридско и Преспанско се убиени 23 000 Бугари, а други 130 000 Бугари се иселени протерани и прогонувани, испратени во концентрационите логори на Титова Југославија.
Убиените во Скопје се 63 лица, во Велес – 54, во Куманово – 48, во Битола – 36, во Штип – 77, во Прилеп – 35, кај село Владимирово, Беровско – 330 лица. Крај Охридското и Преспанското Езеро, во планината Галичица во близина на селото Отешево се убиени многу Бугари, а телата се фрлани во Преспанското Езеро. Во Велес телата се закопани зад црквата „Свети Спас“ и крај Пуста кула.