26 ЈАНУАРИ: На денешен ден
На денешен ден пред 140 години во град Пловдив е роден големиот бугарски револуционер Михаил Герџиков.На само 18 годишна возраст Герџиков заедно со свои соученици од Македонија создава Централен Македонски револуционерен комитет. Откако студира право, тој се враќа како учител во Битола и влегува во редовите на ВМОРО. Четник на Христо Чернопеев, а по – доцна водач на самостојна чета во Гевгелиско. Еден од основните мотори на организацијата во Одринско. Со помош на Христо СилЈанов и Иван Варналиев градат мрежа од револуционерни комитети во областа. Делегат на конгресот на Петрова нива / 1903 година /, каде е избран за член на раководното тело на предстојното Илинденско – Преображенско востание. Откако Турците го задушуваат востанието во крв, Герџиков се прибира назад во слободните предели на Бугарија, каде што почнува да се занимава со публицистика насочена целосно за проблемите на Бугарите останале под турско робство.Водач на Лозенградската партизанска дружина за време на Балканската војна /1912г./ , учествува во ослободувањето на Василико / Царево /, Ахтопол, Резово, Мал Самоков. Учесник во Првата светска војна.След деветојунскиот преврат живее во Цариград, Виена, Берлин.През 1930 година станува член на ЦК на ВМРО / обидинена /, но брзо се разочарал и наместо да замине за Берлин останува во Бугарија. До крајот на својот живот се занимава со преведувачка дејност и новинарство. По превратото од деветти Септември ги повикува своите соборци од македонско-одринското движење да ја поддржат новата власт. Герџиков умира на 18 март 1947 година во Софија.
23 ЈАНУАРИ На денешен ден:
1872 година е роден Гоце Делчев – истакнат деец на националноосвободителното движење во Македонија и Одринско. Идеолог, стратег и организатор на ВМОРО. Роден во Кукуш, тој ја завршил бугарската гимназија во Солун. Станува јункер во Военото училиште во Софија, од каде е исклучен поради своите погледи. Потоа учителствува во Ново Село, Штипско, и во гр. Банско. Станува активен деец на ВМОРО од 1894 година, кога се поврзува со Д. Груев, еден од основачите на организацијата. По примерот на Левски ја наметнува идејата за внатрешна мрежа од револуционерни комитети, станува иницијатор за изградба на четнички институт како вооружена сила на ВМОРО. Делегат е на Солунскиот конгрес од 1896 година Заедно со Г. Петров изработува програма и статут на организацијата. Станува член и задграничен претставник на ВМРО и главен ревизор на четите. Приврзаник е на вооруженото востание како средство за постигнување на целите, но се противи на одлуките на Солунскиот конгрес од 1903 година за „сеопфатно стратешко востание во Македонија“. Заедно со Д. Груев успева да ги ограничи активните востанички дејства само на територијата на Битолскиот и Одринскиот револуционерни окрузи. На 4 мај 1903 година, на пат за конгресот на Серскиот револуционерен округ, загинува во борба со турскиот аскер.
23 ЈАНУАРИ На денешен ден:
1878 година За време на Руско-турската војна (1877 – 1878) руски воени единици и бугарски чети под команда на Иљо војвода и Симо Соколов влегуваат во Ќустендил. Истиот ден англиската владата на чело со Бенџамин Дизраели издава наредба за навлегување на англиска флота во теснецот. Целта е да се спречи целосен разбивање на Отоманската империја и заземањето на Цариград.
21 ЈАНУАРИ На денешен ден:
1939 година умира Иван Николов Проданичин, познат како Јонко Вапцаров или Вапцара, како и со псевдонимот Белоречки, бугарски револуционер, Разлошки војвода на Македонската револуционерна организација.
Јонко Вапцаров е роден во Банско, тогаш во Отоманската империја. Татко му Никола Проданичин загинува во бугарските ослободителни борби. Јонко Вапцаров завршува 6 класа во Банско и се вклучува во ВМОРО во 1896 година. Станува секретар на Банскиот револуционерен комитет. Во 1901 година учествува во разоружување на врховистот дедо поп Најден во селото Србиново заедно со Јане Сандански. Учествува во аферата „Мис Стоун“. Во 1902 година станува војвода на чета во родниот крај. По Илинденското востание во 1903 година е уапсен и лежи во затвор во Солун. По Младотурската револуција во 1908 година е ослободен.
За време на Првата балканска војна е војвода на чета на Македонско-одринското ополчение. Здружената чета на Иван Вапцаров, Христо Чернопеев, Пејо Јаворов и Лазар Колчагов го ослободува Банско, Мехомија и Кавала. Подоцна Вапцаров служи во Несторевата чета на 13 Кукушка дружина.
Веднаш по ослободувањето на родниот крај во 1912 година станува околиски началник на Разлошката околија. Јонко Вапцаров, веќе окружен раководител на ВМОРО, врзан со лично пријателство со цар Фердинанд I, одкако неколку пати си гостуваат еден на друг. Јонко Вапцаров оди во Цариград во 1916 година, за да ги подмири имотните прашања на Фердинанд . На 13 октомври 1917 година во домот на Јонко Вапцаров, на пат за Солунскиот фронт, ноќева Кајзер Вилхелм II и Цар Фердинанд I. Добри односи Јонко Вапцаров одржува и со Цар Борис III.
По Првата светска војна Иван Вапцаров учествува во возобновувањето на ВМРО. Во 1921 година е избран за помошник градоначалник на Банско. Кон 1926 година е полномошник на ЦК на ВМРО и добива плата во износ 4 500 лева. При распадот на ВМРО е на страната на десницата, но по убиството на Александар Протогеров во 1928 година влегува во конфликт со Иван Михајлов и во пролетта 1929 година михајловистите прават обид за убиство на Вапцаров, кој потоа се населил во Њујорк кај роднини.Се враќа во Бугарија во 1930, а во 1933 година е киднапиран од михајловистичка чета, но е ослободен по Деветнадесетомајскиот преврат во 1934 година.
Јонко Вапцаров умира во 1939 година во Софија. Татко е на комунистичките активисти Никола Вапцаров и Борис Вапцаров.