2 ФЕВРУАРИ: На денешен ден:

10312379_840288362694431_4658832566197149964_n1938 година умира Григор (Глигор) Стефанов Попев, бугарски револуционер, деец на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.

Григор Попев е роден во Прилеп, тогаш во Отоманската империја. Потекнува од богато трговско семејство и самиот тој е крупен трговец. Завршува III класа во бугарската гимназија во Солун. Од 1892 до 1896 година е трговец во Битола, потоа во Солун. Влегува во редовите на ВМОРО во 1894 година и заедно со Пере Тошев и Георги Пешков go организираат месниот комитет. Кон нив се приклучиl и Ѓорче Петров.

Григор Попев учествува на конгресот на ВМОРО во Ресен во 1894 година. Подоцна е избран за член на Битолскиот окружен комитет, а потоа од крајот на 1896 до 1901 година е благајник на Централниот комитет на ВМОРО.

Спомените му за револуционерната дејност ги запишува Љубомир Милетиќ во 1932.

30 ЈАНУАРИ: На денешен ден:

1658655_645285318861404_420700493_o1945 година умира Антон Евтимов Кецкаров, познат и како Андон Кецкаров или Андон Кецкар, бугарски просветен и општествен деец, револуционер. Користи псевдоними како Дончо и Ровоам.

Роден е во 1865 година во Охрид и припаѓа на големиот бугарски род Кецкарови.Со основно образование се здобива во Охрид и Струга при Григор Прличев и други бугарски учители. Некое време учи во гимназија во Софија и во Военото училиште во Софија. Завршува средно образование во 1887 година во Солунската бугарска машка гимназија.

Антон Кецкаров е меѓу оние интелектуалци во Македонија од 80-тите и почетокот на 90-тите години на XIX век, кои (најчесто независно еден од друг) бараат нови форми за организирање на населението, со тоа што ја комбинираат просветлната со револуционерната агитација. Уште како ученик Антон Кецкаров е меѓу иницијаторите за основање на просветно друштво „Свети Климент“ во Охрид. Друштвото ја поддржува Охридската бугарска општина во нејзините спорови со Егзархијата, а потоа прераснува во неделно училиште. Во 1886 година на Илинден во куќата на Климент Заров во Горна Порта во Охрид дел од членовите на просветното друштво „Свети Климент“: Климент Заров, Антон Кецкаров, Лев Огненов, Никола Чудов, Јаким Деребанов, Иван Лимончев, Никола Пасхов, Климент Шуканов и Анастас и Христо Маџаров учествуваат во создавањето на револуционерен кружок. Членовите на кружокот ги обиколуваат селата во Охридската каза и агитираат сред населението да отвораат училишта, да ја користат поактивно привремената дозвола на османлиските власти да се вооружуваат против озлогласените во тоа време албански разбојници, како и да ги избегнуваат османлиските судови.

Во 1887-1889 година Антон Кецкаров е учител во Охрид, а во 1889 – 1897 година – во Битола. Во 1890 година тој беше иницијатор за создавање на неделното училиште во истиот град. Еден од неговите ученици, Симеон Радев пишува за својот учител по математика во Битола следново:

„Учител по геометрија и алгебра ни беше Антон Кецкаров. Не знам зошто, ние имавме впечаток дека тој не е многу силен по математика. Но бевме приврзани кон него, бидејќи од целото негово суштество идеше дух на срдечност и добрина. Иако  мек на изглед, неговото учество во Илинденското востание го покажа како способен за енергија и храброст. Тој имаше два сина. Едниот, генерал во резерва во бугарската армија и професор на Воената академија; другиот, познат скулптор, работи во Париз. Затекнат од настаните во Охрид, Антон Кецкаров почина таму пред шест-седум години. Бев на панихидата му тука во Софија. Еден непознат на мене човек ми зборуваше за нео. Тој рече дека починатиот издишал среќен, бидејќи ја видел Македонија слободна и така како што тој сонувал да ја види. Излегуваше од овие зборови дека Антон Кецкаров се беше борел во својот живот за една Македонија, откината од бугарштината, со една антибугарска влада и вклучена во една држава со престолнина Белград. Јас слушав со тага и срам. Си велев : „Ако има задгробниот живот, и ако нашиот омилен учител, кој не воспитуваше на верноста кон бугарското име, можеше да се слушне од небесните височини што се зборуваше за него при молитвата во црквата за спокој на неговата душа, колку тој би страдал од таа поруга на најсветлите му чувства, од ова сквернавење над неговата памет! „“

Кецкаров се вклучува во ВМОРО по нејзиното формирање во 1893 година. Неделното училиште во Битола, со кое раководи, е прикритие за организациската дејност и агитација на ВМОРО.

Во учебната 1897-1898 година А. Кецкаров е учител во Солунската женска гимназија, а во наредната учебна година во бугарското училиште за девојки во Едрене. Во 1899 – 1900 година на инсистирање на ВМОРО Антон Кецкаров е преместен во родниот Охрид, каде е директор на бугарските училишта и еден од раководителите на ВМОРО во градот. Како учител во Охрид тој издвојува значителен дел од своите парични  награди за помагање на охридските училишта и на бугарската црковна општина.

Во 1903 година е делегат на Смилевскиот конгрес на Битолскиот округ на ВМОРО, каде е избран за Охридски реонски началник. За време на Илинденското востание тој е член на горското началство во Охридско и дејствува со чета во реонот на Дебарца. По неуспешниот крај на востанието заедно со други раководители на ВМОРО како Лука Групчев, Лазар Димитров и други се повлекува преку Албанија и Црна Гора во Бугарија. За одмазда локалните власти го грабаат неговиот дом, малтретираат неговото семејство и го прогонуваат во Бугарија.

Во Бугарија работи како учител во Добрич, Каварна и Сливен. Во 1908 година, по Младотурската револуција се враќа во Македонија и работи како учител во Битола. Во 1911 година е еден од основачите на локалната структура на културно-просветното друштво „Бугарска Матица“, во Охрид, чие седиште е во Цариград. Кецкаров е еден од активистите во Битола на Сојузот на бугарските уставни клубови. Во јуни 1911 година ја поддржува иницијативата за создавање на легална политичка партија на Бугарите во Отоманската империја – проект кој пропаѓа поради зајакнувањето на политичките тензии и избувнувањето на Балканската војна. Подоцна е уапсен од турските власти со обвинение дека е претседател на револуционерна организација и во 1912 година повторно бега во Бугарија, каде што за кратко е учител во Дупничката женска педагошка гимназија.

Кецкаров учествува во Балканската војна во составот на Седмата пешадиска Рилска дивизија. Во 1913 година прави обид да се врати во Битола како професор во женската прогимназија, но е протеран од српските власти. Подоцна накратко е учител во Пиринска Македонија. Се вклучува во голем број на активности во помагање на бегалците од Македонија. Меѓувремнно, како и други македонски Бугари се вклучува во масонското движење со идејата дека така може да придонесе за македонската кауза. Антон Кецкаров е еден од мајсторите на Големата масонска ложа на Бугарија.

Од февруари 1916 година е директор на пригминазијата во Битола, но во ноември истата година е принуден заедно со голем дел од локалната интелигенција да избега поради заземањето на градот од страна на војниците на спогодбата. Во 1917 година за кратко е наставник во средно училиште во Скопје.

Ги преживува тешко катастрофите на Бугарија и потребата од постојана промена на својот дом и во голем дел од времето помеѓу 1918 – 1921 година е болен. Во тоа време е пензионер и живее во новоизградениот Софиски квартал „Модерно преградие“, за чие уредување вложува големи усилија- тој е иницијатор за создавање на трпезарија за сиромашните деца во соседството, а во 1922 година ги поставил основите и на локалното културно-просветно и благотворно друштво „Св. св. Кирил и Методиј „, кое во 1932 година прераснува во читалиште, постоечко и до денес. Кецкаров е меѓу подпомагачите на Македонскиот научен институт, формиран во 1923 година во Софија.

Од 1922 година Антон Кецкаров се вклучува во активностите на македонските легални бегалски организации во кои долго време е благајник и сметководител. Особено активно е неговото учество во Илинденската организација. При настанатата во 1928 година поделба во ВМРО на протегеровистичко и михајловистичко крило, како и други охриѓани тој е поблизок до протогеровистите.

По истерувањето на српските власти од Македонија во 1941 година Антон Кецкаров се враќа во својот роден град, заедно со сопругата Екатерина и еден од своите синовите, скулпторот Методи Кецкаров. Во овој период Антон Кецкаров живее во куќата на својот внук Иван Заров, син на Климент В. Заров и Фанија Е. Кецкарова-Зарова, неговата сестра. Во 1942 година Кецкаров е еден од основачите на Охридската општограѓанска фондација „Свети Климент Охридски“, чии цели се претежно добротворни. Умира на 30 јануари 1945 година. Погребан е до црквата „Свети Константин и Елена“ во Охрид.

Антон Кецкаров е татко на генерал Владимир Кецкаров и скулптурот Методи Кецкаров.

30 ЈАНУАРИ: На денешен ден

Kliment_Shapkarev_original1875 година е роден  Климент Кузманов Шапкарев во Охрид, со псевдоним Август, бугарски револуционер, член на Македонската револуционерна организација и просветен деец.

Климент Шапкарев е роден во 1875 година во Охрид. Син е на истакнатиот бугарски етнограф и фолклорист Кузман Шапкарев. Учи во Солунската бугарска машка гимназија и членува во тајниот револуционерен кружок заедно со Гоце Делчев и Петар Васков. По завршувањето на гимназијата во 1892 година учи биологија и хемија на Софискиот универзитет. Во 1897 година е делегат од Самоковското друштво на четвртиот македонски конгрес. Завршува во 1898 година и станува учител во Самоков, а истовремено со учителската дејност работи и како пунктов началник на ВМОРО, со тоа што организира пренесувањето на луѓе и оружје преку границата во Отоманската империја. Во 1904-1905 година е учител во Одринската бугарска гимназија „Д-р Петар Берон“ и секретар на Одринскиот окружен комитет на ВМОРО. Делегат е на Рилскиот (1905) и Ќустендилскиот конгрес на ВМОРО (1908).

10923205_838584662864801_4732160246997648345_nКако Август пишува во весникот на десницата во ВМОРО „Илинден“, од чии страници го напаѓа органот на левицата „Одрински глас“.

Пред почетокот на Балканската војна заминува од Едрене за Бугарија и се запишува како доброволец во 52 пешадиски полк на бугарската армија, со кој се борел под Едрене. За покажана храброст е награден со крст. Во Втората балканска војна е во штабот на Македонско-одринското ополчение. За време на Првата светска војна е во Велес како член на Цензурната комисија. По завршувањето на војната предава 20 години во земјоделското училиште во Садово.

По ослободувањето на Вардарска Македонија во пролетта 1941 година се населува во Битола, каде исто така, предава во земјоделско училиште. Умира таму во 1949 година.

Климент Шапкарев е автор на брошурата „Спомени и размислувања за Гоце Делчев“.

По Балканските војни во Чирпан Климент Шапкарев се жени за Амалија Примджанова, која заедно со Славка Чак’рова-Пушкарова од Струга, Љуба Кјупева од Велес и Јанка Каневчева од Охрид е член на револуционерна женска група. Негов син е бугарскиот економист и претседател на Македонскиот научен институт Петар Шапкарев.

28 ЈАНУАРИ На денешен ден:

61eb1d5fec5967f01580521193fb1e7bНа денешен ден, 1852 годинаво Кратово е роден  Ефрем Цветков Каранов – бугарски книжовник, историчар, фолклорист, етнограф и преведувач. Учи во бугарското училиште во Цариград (1864-1866 година). Студира словенска филологија во Новорусијскиот универзитет (до 1875 година) во Одеса. Работи како учител во Штип, Ќустендил, Самоков и Софија. Учесник во македонското ослободително движење. Основач и уредник на Ќустендилскиот музеј, читалиштен деец. Запишува над 240 народни песни, автор на етнографски и фолклорни студии. Особено вредни се неговите мемоари „Спомени“. Преведува поезија од руски јазик. Умира на 6 декември 1927 година во Ќустендил.

book_5766-600x600