4 MAРТ: На денешен ден:

Todor_Alexandrov_Nice1881 година е роден Тодор Александров – деец на македоно-одринското национално револуционерно движење. Отпрвин учи во родниот град – Штип, а потоа во бугарското педагошко училиште во Скопје. Во 1903-1904 година е избран за член на околиското раководно тело на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација во Штип. Три години подоцна е издигнат за окружен војвода на Скопскиот револуционерен округ. Во почетокот на 1911 година заедно со Хр. Чернопеев и П. Чаулев Т.Александров е избран за член на Централниот комитет на ВМОРО. Под негово раководство се организирани и извршени нападите во Штип во ноември 1911 година и во Кочани во август 1912 година Нападите стануваат еден од поводите за избувнување на Балканската војна 1912-1913 година По вклучување на Бугарија во Првата светска војна 1914-1918 г . Т. Александров е мобилизиран и служи во штабот на Активната армија. По завршувањето на војната е уапсен како воен злосторник, но успева да избега од затвор. Во 1919 година заедно со генерал Ал. Протогеров и П. Чаулев Т. Александров ја возобновувап внатрешната револуционерна организација под името Внатрешна македонска револуционерна организација. Тој е отворен противник на внатрешната и особено на надворешната политика на земјоделската влада. По негово укажување по државниот удар на 9 јуни 1923 година ВМРО активно учествува во задушувањето на Јунското и Септемвриското востание. Одделни дејци на организацијата учествуваат и во убиство на соборениот премиер Ал. Стамболиски. Интервенцијата на ВМРО во политичкиот живот на Бугарија влијае негативно на авторитетот и како национално-револуционерна организација и создава предуслови за расцепот. За да го избегне овој процес, Т. Александров презема чекори за зближување со комунистичките сили во Бугарија и на Балканот, како резултат на што е потпишан Мајски манифест 1924 година. Гледајќиго  негативниот ефект на оваа чекор, тој, заедно со ген. Ал. Протогеров, излегува со изјава дека се откажува од потписот под овој документ. Сепак не успева да ја добие довербата на дворецот и владата на професор Ал. Цанков. Убиен е под неразјаснети околности крај с. Сугарево, над Мелник.

3 МАРТ: На денешен ден:

2327ee1795f83174a54c7e4904b869661872 година во Скопје е роден Борис Стојанов Дрангов- бугарски офицер, полковник. Во 1891 година тој се пристапува во Военото училиште во Софија, но во 1894 година е ослободен од него. Во следната 1895 година е оправдан и е испратен во строева единица откако добива офицерска титула. За време на Илинденското востание1903 година jа напушта воената служба и е на чело на чета во Македонија. По востанието го продолжува своето образование во Генералштабната академија во Русија. Во 1907 година се враќа во Бугарија и ја продолжува својата служба во армијата. Полковник Дрангов учествува во Балканската војна 1912-1913 година и Втората балканска војна 1913 година По вклучување на Бугарија во Првата светска војна 1914-1918 година повторно е на фронтот. Загинува на завојот на р. Црна (месност во Македонија) како командант на Деветтиот пешадиски полк. Дрангов е талентиран воен публицист. Автор е на голем број дела како: „Помни војната!“, „Совети за строеви офицери“ и др.

23 ФЕВРУАРИ: На денешен ден:

1513680_851530601570207_4254595714103326388_n1864 година во Охрид е роден  генерал-полковник Крстју Златарев – командант на 11-та пешадиска македонска дивизија во Првата светска војна. Златарев го завршува Софиското воено училиште. Во Српско-бугарската војна (1885 година) учествува како јункер. Во Првата балканска војна (1912-1913 година) го командува ХХIХ пешадиски Јамболски полк, кој на 4 ноември 1912 година го зазема Форт Иллери табија од Чаталджанската позиција, а на 13 март 1913 година – Форт Илдаз табија од тврдината Едрене. Подоцна командуваниот од него полк се бие кај Кукуш (20-21 јуни 1913 година) и во борбите до Горна Џумаја. При формирањето на 11 пешадиска Македонска дивизија во 1915 година му е доверено нејзиното командување. Златарев учествува во воените дејствија околу Криволак, Бистренци и Богданци во 1915 година, како и на планината Беласица во 1918 година двапати е ранет – при Чаталджа и Горна Џумаја. Убиен е во атентат во црквата „Св. Недела “ во Софија.

8 ФЕВРУАРИ: На денешен ден:

1601059_649901118399824_2067725792_n1931 година умира Јордан Христов Ѓурков со псевдоними Еделвајс, Радиков и Јосиф. Бугарски учител, офицер и револуционер, резервен член на ЦК на Внатрешната македонска револуционерна организација.

Јордан Ѓурков е роден на 13 октомври 1891 година во Штип, тогаш во Отоманската империја. Син е на револуционерот Христо Ѓурков. Во 1910 година го завршува бугарското педагошко училиште во Скопје и е учител таму до 1912 година.

При избувнувањето на Балканската војна е доброволец во Македонско-одринското ополчение и служи во 3 чета на 10 Прилепска дружина. Награден е со орден „За храброст“ IV степен. Во 1913 година се вработил во Военото училиште во Софија и во Првата светска војна е бил командант на чета на 6 полк на 11 дивизија. Учествува во Криволачката борба. На крајот на војната е аѓутант на командантот на дивизијата Крстјо Златарев. Отпуштен е се со чин капетан.

По поразот во војната Јордан Ѓурков учи трговија во Виена. Учествува во активностите на Сојузот на македонските студентски друштва во странство. Ги прекинува студиите и станува активен член на ВМРО и за кратко е четник при Дончо Христов. По убиството на Тодор Александров во 1924 година Јордан Ѓурков учествува во организирањето на Горноџумајските настани. По предлог на Иван Михајлов Јордан Ѓурков, Панчо Михајлов и Петар Шанданов составуваат организациски суд на ВМРО. Делегат е на конгресот во Србиново и е избран за резервен член на ЦК на ВМРО. За време на Петричкиот инцидент во октомври 1925 година во својство на привремен полномошник на ЦК за Петричкиот округ е испратен во градот да ја координира локалната одбрана. Учествува и на конгресот во Крупник од 1928 година, каде е избран за окружен полномошник на Централниот комитет за Пиринска Македонија. Ѓурков ги поддржува меѓународните контакти на ВМРО. По расцепот на ВМРО застанува на страната на Иван Михајлов.

Јордан Ѓурков е убиен на 8 февруари 1931 година во Софија од протогеровистите во ВМРО.

Македонската младинска организација во Горна Џумаја го прифаќа името „Јордан Ѓурков“ и во 1932 – 1934 година издава неколку примероци на весник со истото име.