16 МАРТ: На денешен ден:
1873 година е роден Михаил Чаков, бугарски офицер и револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација.
Михаил Чаков е роден на 16 март 1873 година во гратчето Гуменџе, тогаш во Османлиската империја, денес Гумениса, Грција. Завршува VI клас во Солунската бугарска гимназија и станува учител во Тумба. Во 1897 година е привлечен во Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација од Даме Груев и Пере Тошев. Станува четник при Михаил Апостолов – Попето, со кого ги обиколуваат Воденско и Ениџевардарско, по што станува самостоен војвода.
Во летото 1900 година, четата му е составена од 5-6 човека и го обиколува реонот на Поројско, јужно од Петрич. На 18 август поминува и низ селата Горни и Долни Порој. Меѓу четниците се Алексо Поројлијата и Сотир Джумалијчето од Горна Џумаја.
Тој е реонски и околиски војвода во Петричко (1901 – 1902), Драмско и Серско (1903 – 1904). Никаде во документи или сеќавања не се споменува во месец мај 1903 година Михаил Чаков да учествува во битката кај селото Баница, Серско, во која загинува Гоце Делчев, но тој ја опишува трагичната случка во сеќавањата како очевидец. За време на Илинденското востание во Пирин на 30 август 1903 година четата на Михаил Чаков, заедно со четите на Јане Сандански, капетан Јордан Стојанов и Стојан М’лчанков со вкупно 160 души водат голема борба со 600 души турска војска кај „Света Троица“ , Мелничко. Турците се одбиени со многу жртви, додека од востаниците гинат само три лица. Учествува со својата чета во нападот врз турскиот гарнизон во селото Обидим, заедно со Иван Апостолов, Стојан М’лчанков и Никола Грујчин на 13 и 14 септември и во подоцнежната борба во Харамибунар на 16 септември.
По задушувањето на востанието Михаил Чаков е војвода во Кумановско (1905), повторно во Серско (1906) и Велешко (1907 – 1908). На 23 април 1906 година Михаил Чаков заедно со Атанас Спасов се враќаат во Баница и ги ископуваат коските на Гоце Делчев и ги оставаат скриени под светиот престол на црквата. Четите на Михаил Чаков, Тане Николов, Иван Наумов, Христо Цветков, Петар Ацев, Мирчо Најдов, Атанас Попов и локалните војводи Секула Ораовдолски и Велко Попадијски земаат учество во битката на Ножот во јули 1907 година.
По Младотурската револуција во 1908 година се легализира и се населил во родниот Гуменџе. На 10 јуни 1909 година е уапсен во Гуменџе и затворен во Солун.
Во 1912 година Чаков зема учество во Балканската војна како војвода на чета № 11 на Македонско-одринското ополчение. Заедно со Андон Ќосето, Јонко Вапцаров, Георги Занков, Лазар Колчагов, Таско Кочерински, Лазар Топалов, Стефан Чавдаров, Пејо Јаворов и други собираат зборна чета, која се раководи од Христо Чернопеев. Заедно со 12-а чета од 27 Чепински полк четата ја нападнала Мехомија. Ги ослободуваат уште Банско, Драма, Неврокоп и Кавала, го заземат градот, без да се даде и еден истрел.
Чаков учествува во Првата светска војна како постар подофицер 9-та гранична дружина од 85-и полк, тогаш негов четник е подоцнежниот Воденски војвода Јордан Лазаров. Отпуштен е од служба поради болест и заминува за Ксанти, каде помага за издавање на патен лист на Дедо Никола Мутафчиев, кој ги прибира коските на Гоце Делчев од Баница. До 1923 година ги чува коските во сандуче во својот дом, а потоа по барање на Тодор Александров ги изложуваат 10 дена за поклонение во црквата „Света Недела“.
Во повоениот период активно учествува во Илинденската организација.
Михаил Чаков починал на 17 септември 1938 година.
10 МАРТ: На денешен ден:
1924 година ЦК на ВМРО му врачува официјален протест на премиерот проф. Александар Цанков (на фотографијата) во врска со апсењата на околу 500 активисти на Илинденската организација и на македонските братства. Одлуката за апсењата е донесена од Владата на 3 март.
Година порано, на 7 мај 1923 година МВР издава посебна наредба за распуштање на сите легални македонски организации. Запрени се печатените изданија и се уапсени повеќе од 100 лица. Два дена подоцна е симната Владата на Александар Стамболијски. ВМРО не зема директно учество во државниот удар на 9 јуни, но одделни четници учествуваат во грабнувањето и убиството на премиерот Ал. Стамболиски.
Организацијата ја поддржува здружената влада при задушувањето на Септемвриското востание 1923 година, но поради задржувањето на Нишката спогодба со Кралството на Србите, Хрватите и Словенците и потпишувањето на нови договори, односите меѓу ВМРО и здружената влада на крајот на 1923 година се изоструваат. Тоа од своја стана води до апсењата на многу македонски дејци.
Во април 1924 година во Виена ЦК на ВМРО се среќава со советски претставници. Коминтерната предлага неприфатливи услови за соработка. Во отсуство на Т. Александров, сепак доаѓа до потпишување на Мајски манифест на 6 мај 1924 година Иако по објавувањето на манифестот Т. Александров и ген. Ал. Протогеров даваат демант од името на ВМРО, Организацијата ја губи довербата на бугарската влада.
10 МАРТ: На денешен ден:
На денешен ден 1869 година во Струга е роден Христо Матов. Христо Апостолов Матов е еден од првите воспитаници на Солунска бугарска машка гимназија, а подоцна и професор во неа (1898-1901). Учителствува во Сер, Скопје, Софија и Стара Загора. училишен инспектор во Скопската епархија (1895-1898). Деец на Македонското револуционерно движење – член на ЦК на ВМОРО (1896-1901) и член на Задграничното представитество (1902), окружен раководител на Револуционерната организација во Скопје, заточен во Подрум Кале, Мала Азија (1901-1902. Доброволец е во Балканската војна (1912). во Првата светска војна служи во штабот на бугарската војска и е главен уредник на весникот ʺРодина” кој излегува во Скопје. Истражувач, фолклорист, филолог и публицист. роднина на Царевна Миладинова.Неговите родителите Апостол Матов и неговата сопруга Петра имале 11 деца, но до полнолетство стигнале шестмина: Димитар, Христо, Милан, Марија, Агнија и Царева. Христо Матов е особено близок со својот брат Милан, кој е шест години помлад од него, исто така истакнат револуционерен деец во Македонија. Во 1896 година, како директор на Солунска бугарска машка гимназија, го енсува тогаш 15 годишниот Тодор Александров во ВМОРО.Тезите на Матов претставуваат ‘рбетот на македонскиот револуционерен систем. Тој е главен теоретичар на ВМОРО и автор на вкупниот план за Илинденското востание, изработен во текот на неговото заточение во Подрум кале. По Втората балканска војна Христо Матов ги формулира и барањата на ВМРО, со кои македонската делегација ја обиколува Европа.През 1917 година Матов издава студија во која во дванаесет посебни точки се кажува дека прифатената од бугарската дипломатија позиција не само за македонското прашање, но и по бугарското национално прашање како целина е збркана и штетна за каузата на ослободителното движение.Христо и Милан Матов се пријатели со Пејо Јаворов. Се знае дека Јаворов пребарувал во живеалиштето на Матови за да најде револвер, со кој да се самоубие, откако браќата еднаш одбиваат да му дадат оружје.Михаил Герџиков кажувал за Христо Матов: „Пишува како ѕид – не можеш да исфрлиш ниту збор.“ Умира во Софија во 1922 година.
На денешен ден се спасени бугарските Евреи
На 9 март 1943 година во Пловдив Евреите биле собрани во Еврејското училиште, а на станицата ги чекал возот кој да ги однесе кон концентрациониот логор.
На 10 март тие се враќаат во своите домови. За часови се одиграа активностите кои доведоа до спасувањето на бугарските Евреи од уништување. Големата заслуга за тоа имаат Пловдивски митрополит Кирил, подоцна бугарски патријарх и софискиот егзарх Стефан, група од 42 пратеници, предводени од подпредседателот на Народното собрание Димитар Пешев. Уште има живи сведоци кои ги слушнале зборовите на митрополит Кирил- „Ако и еден Евреин тргне со возот, јас ќе легнам на шините“.
Со одлука на Министерскиот совет од 13 февруари 2003 година 10 март е прогласен за Ден на холокаустот и на настраданите од злосторства против човештвото. Цвеќе на споменикот на патријархот Кирил и на споменикот во благодарност на бугарскиот народ ќе бидат поставени во Пловдив.
Официјалното укинување на налогот за депортација на 10 март 1943 година затекна близу 9 000 Евреи во возовите за Полска. Храбрите луѓе, кои се соочувале против нацистичкиот бран на уништување на Евреите, се поддржани и од бугарското општество. Ги поддржуваат и организации како лекарскиот сојуз, Сојузот на писателите, спортско друштво „Славија“. На 10 март плановите за депортација се одлагаат за подоцна, во мај 1943 следува ново одложување, повеќе не се обновуваат. Наместо депортација, во Бугарија се прифаќа план Б- иселување на Евреите од главниот град и нивната употреба во работни логори. Бугарските Евреи преживуваат.