Денес е денот во кој сојузниците jа уништија Софија

Пред 83 години, на 30 март 1944 година, Софија е бомбардирана од 450 американски и 50 британски бомбардери. Врз градот се фрлени 3000 муниција и околу 30 000 запаливи бомби. Разурнати се 3357 згради, жртвите се 139, а повредените се стотици.

Првиот масовен воздушен удар по почетокот на Втората светска војна против бугарската престолнина е нанесен на 14 ноември 1943 година Во него учествуваат 91 бомбардери Б-25 „Мичел“, кои се обезбедувани од 49 авиони Локхид П-38 „Лаjтнинг“.

Воздушната предупредувачка служба поднесува тревога доцна и бугарските авиони полетуваат кога противникот е веќе над Софија. На бугарска територија не е пронајден соборен противнички авион.

Вториот удар против Софија е нанесен на 24 ноември. Во него учествуваат 60 бомбардери Б-24 „Либереjтер“ и 40 ловци П-38 „Лаjтнинг“. До крајот на 1943 година се извршени уште две воздушни напади од сојузниците.

Следната 1944 година започнува за софиjанци со тревога за нова бомбардирање, но паднатата густа магла спасува градот на 4 јануари.

Само по неколку дена – на 10 јануари, бугарската престолнина е изложена на првиот од замислените комбинирани дневно-ноќни напади на сојузничката авијација. Тоа е почетокот на најтешките денови и ноќи за граѓаните и бугарската противвоздушна одбрана.

По оваа бомбардирање сојузниците вршат уште четири ноќни удари на Софија.

Во ноќта на 29 наспроти 30 март 1944 година е спроведен најмасовниот воздушен напад над бугарската престолнина.

Целосно уништена е Градската библиотека на Софија заедно со 40 илјади тома книги. Силно погодена е зградата на Народниот театар. Изгорени се цркви и храмови на различни конфесии. Меѓу нив се православната црква од XI век „Свети Спас“, католичката катедрала „Свети Јосиф“ и големата Софиската синагога.

24 МАРТ: На денешен ден:

17458162_1392054227517839_6888724048121155957_n1896 година е роден Илија Банов Кушев, бугарски воен и револуционер, војвода на чета на Внатрешната македонска револуционерна организација.

Илија Кушев е роден во Велес, во семејството на бугарскиот просветител и револуционерен деец Бано Кушев. Чичко му Петар Кушев исто е легален деец на ВМОРО, а неговиот брат Тодор Кушев е четник во ВМРО. Ја завршува Солунската бугарска гимназија во 1913 година. По Втората балканска војна во 1913 година емигрира во Бугарија, каде што го завршува Военото училиште во Софија. Учествувал во Првата светска војна како поручник од Прв артилериски полк на Петтата пешадиска Дунавска дивизија на бугарската армија.

По војната студира право на Софискиот универзитет, но ги прекинува студиите за да се вклучи во револуционерната борба на обновената ВМРО. Испратен е во Македонија како Велешки околиски војвода. Во август 1919 година се создава Македонското студентско друштво „Вардар“ и Илија Кушев е дел од раководството.

Загинува во 1922 година во близина на селото ‘рлевци, убиен од Турците предавници од неговата чета заедно со четниците Иван Ѓошев од Крајници и Мане Кратовски од Кратово.

Иван Михајлов пишува за Кушев:

„Кушев беше многу сериозен човек, високо културен, со поетски дарби. Поседуваше силна волја. Во негово лице нашата татковина загубиеден  позитивно ветувачки борец, со квалитети за лидерство. „

23 МАРТ: На денешен ден:

hqdefault1906 година се самоубива Георги Костов Сугарев со псевдоними В’лкан, Митре, бугарски револуционер, војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.

Ѓорѓи Сугарев е роден во 1876 година во градот Битола. Неговото семејство е крајно сиромашно и Сугарев едвај завршил четврти клас во битолската гимназија. Мајка му Донка Сугарева (1846-1932) и неговите браќа Христо, Вангел, историчар и автор на написот „Бугарската националноста на Македонците“ (The Bulgarian nationality of the Macedonians) и Михаил емигрираат во САД и активно учествуваат во активностите на Македонската патриотска организација Станува учител прво во Демир-Хисарско, Кичевско, Поречието, а на крајот и во Битола. Раководи со градска терористичка група на ВМОРО заедно со Нечо Егренец, Ристе од село Будаково, Боше од село Трап, Аце Коларчето, Тодор Фурнаджијата од селото Лажец, Јосиф од Жабени, а во втората група се Иван Кафеџијата, Кочо Песнаджиев, Миалече Лисолаец, Михаил Димев и Начо Дживджанов. Ја помага дејта на Георги Попхристов, кој пишува за него:

„Сугарев беше целосно предан на делото, сосема ги беше оставил своите домашни, кои чекаа на неговата подршка. Ништо друго не го интересираше освен делото. Беше даровит агитатор  и способен организатор. “

Во 1901 година станува четник на Никола Русински. Истата година е избран за член на Битолскиот окружен револуционерен комитет на ВМОРО, но во февруари 1902 година поминува во илегала по избувнувањето на Јосифовата афера. Пројавува лидерски вештини, ги сплотува четниците, а селаните ги убедува за каузата на организацијата. Сугарев е делегат на Смилевскиот конгрес на Битолскиот округ. Во почетокот на Илинденското востание е битолски војвода, а подоцна станува шумски началник во Ѓаватоколскиот регион каде учествува во голем број борби. Георги Сугарев го убива својот роднина Ристе (Христо) од Секирани, за кого се сметало дека ја предал четата на Парашкев Цветков.

Заедно со војводите Христо Узунов и Ѓаконот Евстатиј му помагаат на Даме Груев да ја востанови организацијата по задушувањето на востанието. Сугарев учествува во работата на Прилепскиот конгрес на ВМОРО во 1904 година. До зимата на истата година, кога Георги Сугарев заминува на лекување во Бугарија, е востановена голем дел од мрежата на ВМОРО во областа. Започнува борба со српската пропаганда во областа Азот во крајот на летото на 1905 година.Ги  координира активностите со Велешките војводи Панчо Константинов и Иван Наумов Алабакот, подоцна заминува за Битола, за да договори заеднички активности на четите од Битолскиот и Скопскиот револуционерен округ.Му  помагаат уште и Петар Јуруков и Петар Радев.

Во март 1906 година на чело на чета Георги Сугарев се упатува кон Мариово, за да се спротивстави на дејноста се грчките андартски чети. Поради предавство, за кое подоцна е обвинет битолскиот раководител на ВМОРО и личен противник на Сугарев, Петар Лигушев, на 23 март (5 април нов стил) 1906 година четата е опкружена над Параловскиот манастир крај височините Карпите од бројни турски единици и по жесток бој е целосно уништена. Ѓорѓи Сугарев е тешко повреден и се самоубива, а двајцата четници Петко Канев и Крстју Буфчето од Буф се спасуваат со помош на локалните селани. По смртта на Георги Сугарев се откриени дел од архивите му и избувнува Лигушевата афера.

Смртта на големиот авторитет во редовите на ВМОРО Георги Сугарев е сериозен удар врз ослободителното движење во Македонија и Одринско. Како што пишува Алберт Сониксен:

„Георги Сугарев беше еден од најспособните меѓу големите војводи и прв организатор заедно со Даме Груев. Пред сè, тој беше еден од малкуте останати кои не потпаднале на влијанието од внатрешни партизански борби … Тој беше познат и по својата вонредна чесност. “

„Заплакало e Мариово“ е песна посветена на славниот војвода.

Според Коста Црнушанов Георги Сугарев е прототип на херојот на Димитар Талев од романот „Гласовите ви ги слушам“, војводата Петар Донев Караджа.

16 МАРТ: На денешен ден

17342497_1383606615029267_5077320403838259863_n1896 година е родена Мелпомена Димитрова Крничева, позната уште како Менча Крничиу или Кармен, деец на Внатрешната македонска револуционерна организација, сопруга на Иван Михајлов.

Менча Крничева е родена во Крушево во пробугарско влашко семејство, таткото на нејзината баба  е Бугарин, бил бугарски свештеник во Крушево, убиен е од Турците. Нејзиниот татко работи како сараф во Софија, а подоцна и во Димитровград. Малата Менча се преселува со мајка си кај него по задушувањето на Илинденско-Преображенското востание во 1903 година. Во септември 1918 година заминува да учи во Минхен, но по крајот на Првата светска војна го прекинува образованието и се враќа во Бугарија. Се вклучува во женското движење на македонската емиграција и влегува во кругот на Тодор Паница. Постепено се разочарува од Паница, бидејќи ги смета неговите врски со Коминтерната и Кралството на Србите, Хрватите и Словенците за погубни за бугарското дело во Македонија. Се преориентира кон десното крило во ВМРО откако е киднапирана, тормозена и испрашувана и на 15 март 1924 година влегува во организацијата и самостојно одлучува да го убие Тодор Паница, за што е подготвена од Дончо Чупаринов и Петар Станчев.

На 8 мај 1925 година во Виенскиот Бургтеатар Крничева го застрелува во грб Паница и ги ранува жена му Екатерина Измирлиева и телохранителот Јане Богатинов. Така преку терористички акт е извршена пресудата, издадена од ВМРО заради убиството на Борис Сарафов и Иван Гарванов и служењето на странски интереси во македонските дела од Паница. Убиството предизвикал огромен одек во Европа. Менча е уапсена и првите нејзини зборови по убиството се: „Тој беше еден лош Македонец“. По бурен процес Менча Крничева е осудена на 8 години затвор – најмалата казна за убиство во Република Австрија, земајќи ја во предвид нејзината тешка здравствена состојба. Но Врховниот суд на Австрија ја објавува за неспособна да ја отслужи казната поради тешката туберкулоза, бубрезите и ревматизам, од кои Менча страда од детство, и на крајот на 1925 година таа е ослободена и екстернирана од Австрија.

Весникот „Кориере де ла сера“ пишува еден интересен факт поврзан со Владо Черноземски и Менча Крничева. Еден ден Менча Крничева му удрила шлаканица на еден млад Македонец. Последниот го извадил револверот и бил подготвен да пука. Во тоа време Черноземски се фрлил врз момчето, го фатил за гушата и сакал да го задави.

На 25 декември 1926 година Менча Крничева се омажила за Иван Михајлов, кого по 1934 година го следи во емиграција – Турција, Полска, Унгарија. Во 1941 година се утврдуваат во главниот град на Независната хрватска држава Загреб, а во 1944 година  за кратко во Македонија – Скопје. По 1945 година останува до својата смрт во 1964 година со Иван Михајлов во Рим.