139 години од изборот на Александар I Батенберг како кнез на Бугарија
На 17 април 1879 година кнез Александар I Батенберг е избран за првиот кнез на Бугарија по ослободувањето од турско ропство.
Кнез Батенберг е роден на 5 април 1857 година во Верона, тој е внук на рускиот император Александар II и има блиски роднински односи со британската кралица Викторија.
Младиот Александар Батенберг добива воено образование, служи во руската армија и учествува во воените дејствија во завршната фаза на Руско-турската ослободителна војна /1877-1878 година/.
На 17 април Првото Велико народно собрание го избира за бугарски владетел меѓу тројца кандидати. За време на неговото владеење Бугарија врши Обединувањето и е победник во Српско-бугарската војна /1885 година/, со што го брани обединувањето.
23 MAРT: На денешен ден:
1905
1905 година умира Георги Сугарев – македонски револуционер, функционер на ВМОРО. Заедно со неговата чета тој е опкружен во селото Паралово, Битолско. Сите до еден загинуваат.
Сугарев ја завршува Битолската бугарска гимназија и учителствува во Кичево, Демирхисарско и на други места. Во 1901 година, Сугарев учествува во четата на Никола Русински во Демирхисарско. Следната година тој стана војвода на чета во Битолско. За време на Илинденското востание, тој е војвода на востанички одред. По востанието останува во Македонија и заедно со Дамјн Груев и Христо Узунов ја востановува револуционерната организација во Битолско, Кичево, Ресен, Демирхисарско. Сугарев учествува на Прилепскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ во 1904 година.
21 МАРТ: На денешен ден:
1907 година загинува Михаил (Мише) Спиров Развигоров со прекар Клебел, бугарски револуционер, деец на бугарското национално-ослободителното движење во Македонија и Одринско.
Роден е во Штип во 1873 година во семејство на револуционери. Неговите браќа Александар и Емануел (Мане) исто се истакнати дејци на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација, а внукот му – Ипократ Развигоров (1900-1927) и неговиот син Страхил Развигоров (1897-1948) се меѓу најистакнатите фигури на ВМРО по Првата светска војна.
Учи во Педагошкото училиште во Ќустендил, каде кон 1893 година учествува во формирањето на Македонско младинско друштво. Исклучен е поради училишен бунт и го завршува средното образование во Педагошко училиште во Казанлак. Во 1895 се вратил во својот роден град и работел како учител. Во истата година се вклучува во редовите на ВМОРО. На крајот на 1897 година, по откритието на власта во врска со Виничката афера, е уапсен. За да ги спаси своите другари, ја презема целата вина врз себе, поради што е осуден на доживотен затвор во Подрум кале во Мала Азија.
Во август 1902 година, тој е амнестиран. Учествувал во подготовката на Илинденското востание во 1903 година. Од 1904 година, тој е штипски околиски војвода. Во септември 1904 година со својата чета казнува осум србомани во Кумановското село Кокошине (видете: Кокошинско колење), вмешани во учеството во мрежа, која ја предала четата на Славејко Арсов на турските власти.
Во 1905 година Развигоров е делегат на Рилскиот конгрес на ВМОРО, а во 1906 година е избран за член на Скопскиот окружен комитет на ВМОРО. За некое време како секретар во неговата чета се вклучува идниот шеф на ВМРО Тодор Александров.
Мише Развигоров го запленува Коста Георгиев, секретар во четата на Крстјо Б’лгаријата, откако во неговата преписка наоѓа информации за малтретирање над локалното население и дејци на организацијата. Влегува во спор со другиот раководител на скопскиот окружен комитет, Петар Ангелов.
Според Ефрем Чучков во 1907 година Мише Развигоров е предаден од Марко Секулички, кој по сугестија од Софија се поврзува со Ване Икономски од Штип од чорбаџиската партија кои развиваат партизанштина и раздор во ВМОРО. Крај Штип неговата чета е опколена од турска војска и по долготрајно борба, за да не падне во рацете на османските единици, Мише Развигоров се самоубива во потпалена од непријателот куќа. Во битката загунуваат уште и четникот Петар Жабата и членот на градската организација Милан Крстев.
Во статија по повод годишнината од смртта на Мишев Развигоров во 1943 година, Ангел Узунов пишува статија во списанието Илинден, во која може да прочитаме:
„Денес Македонија е слободна и обединета со мајка Бугарија и безсмртниот дух на Мише Развигоров е успокоен. „
16 Март: На денешен ден:
1900 година во Крушево во влашко семејство е родена Мелпомена Димитрова Крничева, позната уште како Менча Крничиу деец на Внатрешната македонска револуционерна организација, сопруга на Иван Михајлов. Таткото на баба и е бугарин, бил бугарски свештеник во Крушево и е убиен од Турците. Нејзиниот татко работел како сараф во Софија, а подоцна и во Цариброд. Малата Менча се преселува со нејзината мајка кај него по задушувањето на Илинденското востание во 1903 година. Во септември 1918 година заминува да студира во Минхен, но по крајот на Првата светска војна го прекинува образованието и се враќа во Бугарија. Се вклучува во женското движење на македонската емиграција и влегува во кругот на Тодор Паница. Постепено се разочарува од Паница, бидејќи смета дека неговите врски со Коминтерната и Кралството на Србите, Хрватите и Словенците за погубни за бугарското дело во Македонија. Се преориентира кон десното крило во ВМРО и на 15 март 1924 година влегува во организацијата и самостојно одлучува да го убие Тодор Паница, за што е подготвена од Дончо Чупаринов и Петар Станчев. На 8 мај 1925 година во Виенскиот Бургтеатар Крничева го застрелува во грб Паница и ги ранува неговата жена Екатерина Измирлиева и телохранителот Јане Богатинов.
Така, преку терористичкиот акт е извршена пресудата на ВМРО за убиството на Борис Сарафов и Иван Гарванов и опслужување на туѓи интереси во македонските работи. Убиството предизвикува огромен отзвук во Европа. Менча е уапсена и нејзините први зборови по атентатот се: „Тој беше еден лош македонец“. По бурен процес, Менча Крничева е осудена на осум години затвор – најмалата казна за убиство во Република Австрија, со оглед на нејзината тешка здравствена состојба. Но, Врховниот суд на Австрија ја прогласува за неспособна да ја отслужи казната поради тешката туберкулоза, заболување на бубрезите и ревматизам, од кои Менча страда од детство, и на крајот на 1925 година таа е ослободена и екстрадирана од Австрија. Весникот „Кориере де ла Сера“ соопштува еден интересен факт поврзан со Черноземски. Еден ден Менча Крничева му удира шамар на еден млад македонец. Последниот го извадил својот револвер и бил подготвен да пука. Во тоа време Черноземски се нафрлил на младиот човек, го фатил за грлото и за малку ќе го задушил. На 25 декември 1926 година, Менча Крничева се омажува за Иван Михајлов, кого по 1934 година го следи во емиграција – Турција, Полска, Унгарија. Во 1941 година, тие се населиле во главниот град на Независната хрватска држава-Загреб, а во 1944 година за кратко во Скопје. По 1945 година остана до нејзината смрт во 1964 година со Иван Михајлов во Рим.