6 ЈУНИ: На денешен ден:

1922 година, во Софија умира војводата Павел Христов. Роден е во селото Цапари, Битолско, во 1874 година. Раководител на Костурскиот револуционерен округ (1898-1901), по востанието бил раководител на Битолскиот револуционерен округ.

За време на меѓуусојузничката војна е во Зборната партизанска рота. Во септември 1913 година Христов бил еден од главните организатори и водачи на бугарско-албанското Охридско-Дебарско востание. На 12 септември 1913 година, неговата чета, заедно со четата на Петар Чаулев, влегува тржествено во ослободениот Охрид. Павел Христов влегува во раководното тело на привремената бугарска влада. По задушувањвто на востанието, Христов се повлекува во Албанија, каде што ги контактираше албанските револуционери за нова соработка.

Есента 1913 година Христов е назначен за главен бугарски учител во Албанија и заедно со назначениот за бугарски архиерејски намесник Трпе Поповски пристигнуваат во Драч на 26 ноември. Таму меѓутоа се уапсени од местниот управител Есад паша Топтани, кој бил подмитен од српски и грчки агенти и ги интернира во Валона. Ослободени се благодарение на интервенцијата на Ресенските трговци Михаил Татарчев и Коста Стрезов, како и на влијателниот бугарофил Хасан бег Приштина. Бугарскиот генерален конзул во Валона Тодор Павлов ги испраќа Поповски и Коста Мирчев во Скадар, каде да откријат бугарско училиште, а Христов и Григор Ошавков во Дебарско. Во Поле и Голо Брдо тие се обидуваат даго  помогнат враќањето на бегалците и да го обноват бугарското образовна дело назначувајќи нови учители.

За време на Првата светска војна Павел Христов заедно со Петар Чаулев е на чело на голема организациска чета, која дејствува во тилот на српската армија и го ослободува градот Крушево три дена пред доаѓањето на бугарските војници. Меѓу 1915 – 1918, кога Вардарска Македонија е во границите на Бугарија, Павел Христов е окружен финансиски раководител, а подоцна и окружен управител на Битола

26 МАЈ: На денешен ден:

1917 година загинува полковник Борис Дрангов како командант на Деветтиот пешадиски полк кај метсноста Завојот на реката Црна. Роден е во Скопје на 3 март 1872 година. Во 1891 година се запишува во Военото училиште во Софија, но во 1894 година е ослободен од него. По жалба, тој е испратен во строева единица и добива офицерски чин следната година. Дрангов целиот свој живот го посветува целиот живот во преданост и служба на Бугарија. Во Воената школа соработува со Ал. Протогеров, Борис Сарафов, Петар Дарвингов и други кои ги оддале своите животи за ослободувањето на Македонија.

За време на Илинденско-преображенското востание во 1903 година, Дрангов ја напуштил воената служба и тргнал со чета во Македонија. По востанието, продолжува со образованието на Генералштабната академија во Русија. Во 1907 година се вратил во Бугарија и продолжил да служи во армијата. Тој учествува во Балканската војна 1912-1913 година и Втората балканска војна 1913 година По вклучување на Бугарија во Првата светска војна 1914-1918 година повторно е на фронтот.

Покрај тоа што е храбар офицер, Дрангов е исто така одличен педагог. Автор на „Помни ја војната! Совети за строеви офицери „,“ Детални програма за обука на младите и старите војници „,“ Јунаци, исполнтете ја клетвата „, и “ Началник – советиʺ.

4 МАЈ: На денешен ден:

1903 година, во близина на селото Баница, Серско, по еднодневната битка со турскиот потера е убуен Гоце Делчев. Водачот на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација е на пат за конгресот на Серскиот револуционерен округ, но четата му е предадена и опкружена од многубројна турска војска. Потерата, командувана од мајорот Тефиков, кој е соученик на Гоце Делчев, уште во текот на ноќта на 3 спроти 4 мај го блокира селото Баница. Наместо да ја чека ноќта, Гоце Делчев одлучил да ја изнесе четата од селото за да го спаси мирното население од турските репресии.

Гоце Делчев е роден во Кукуш. Откако завршил прогимназија во родниот град, го продолжува своето образование во Солунската бугарска машка гимназија „Св. Св. Кирил и Методиј“. Во 1891 година се запишува во Военото училиште во Софија, но поради неговото учество во социјалистички кружок е исклучен од него и во 1894 година станува учител во Штип. Во истото време, овој град учителствувал и Даме Груев, основач и фактички раководител на ВМОРО. Тие воспоставуваат блиски пријателски односи, како резултат на што Делчев влегува во редовите на внатрешната револуционерна организација. Гоце Делчев доаѓа до идејата дека ослободувањето на Македонија и Одринско е можно само преку општо вооружено востание. За негова подготовка, по примерот на Васил Левски, потребна е густа мрежа на револуционерни комитети во сите делови на двете области.

Заедно со други раководни дејци на организацијата тој ја започнува нејзианта изградба. Уште на почетокот на оваа активност пројавува брилијантни квалитети на талентиран организатор и се наметнува како лидер на организацијата. Во 1895 година бил назначен за учител во Банско. Набргу потоа, тој се откажува од учителствувањето и се посветува целосно на револуционерната активност. Во 1896 година Делчев учествува во работата на Солунскиот конгрес на ВМОРО и заедно со Ѓорче Петров ги изработува програмата и статутот на организацијата, кои предвидуваат нејзина изградба на демократски основи. По конгресот, Гоце Делчев е избран за задграничен претставник , подвижен член на Централниот комитет на ВМОРО и организатор на револуционерното движење. Тој вложува огромни усилија за изградба на револуционерни комитети, како и да ги снабди со оружје. На неговата иницијатива, во 1899 година се пристапува кон изградба на четнички институт на организацијата кој изигрува исклучително важна улога во нејзиното омасовување и револуционизирање. Како Главен ревизор на четите, Гоце Делчев прави неколку обиколки во Македонија и Одринско. Во 1902 година, заедно со Г. Петров, тој е натоварен за изготвување на програмата и уставот на организацијата. Таа веќе си поставила за цел привлекување и сплотување „на сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народност“ и за извојување на целосна политичка автономија. Ова доведува до промена во името на организацијата – од Бугарски македоно-одрински револуционерни комитети во Тајна македоно-одринска револуционерна организација. И покрај успесите постигнати во организациската конструкција и консолидација, Гоце Делчев сé уште верува дека не е дојден моментот за вооружено востание. Затоа, енергично се противи на одлуката донесена во негово отсуство од страна на Солунскиот конгрес што се одржува во почетокот на 1903 година за да се дигне пролетно востание во Македонија и Одринско. Тој се аргументира со тоа дека внатрешната револуционерна организација не е подготвена за таква акција, а меѓународната ситуација во тоа време не е погодна за такво судбоносно дејствие. Гоце Делчев и Даме Груев, безсилни да го променат веќе донесеното решение, успеваат да го одложат неговото објавување за во летото. Освен тоа заеднички се решава да биде стратешко, т. е. да се ​​објави главно во планинските и полупланинските региони и во него да земат учество веќе формираните за таа цел вооружени чети. Оваа тактика е произлегува од желбата да не се дозволи концентрирањето на големи турски сили во востанатите области, како и да се заштити од репресии незаштитеното население од полските краеви.

19 АПРИЛ: На денешен ден:

1929 година во Софија пристигнуваат водачите на хрватската националистичка организација Анте Павелиќ и Густав Перчец. Во Банкја се сретнуваат со водачот на ВМРО Иван Михајлов. Како одговор на средбата на 29 април, Југославија официјално протестираше против посетата на хрватските лидери.

Во 20-тите и 30-тите година на ХХ в. Павелиќ одржува врски со Ив. Михајлов. Во текот на летото на 1930 година лидерот на ВМРО купува 1.000 автоматски пушки од хрватскиот фабрикант Хајнрих Фолмер благодарение на посредувањето на шефот на хрватските усташи. За време на Втората светска војна 1939-1945 година Павелиќ му дава убежиште на Ив. Михајлов.