1 НОЕМВРИ: На денешен ден:

1862 година во Цариград умира Димитар Миладинов (1810 – 1862), преродбенски просветител и книжевник, борец за национална независност. Два дена претходно, неговиот брат Константин умрел во истиот цариградски затвор. Димитар Миладинов е роден во 1810 година во градот Струга. Послушник е во манастирот „Св. Наум „. Во 1829 година учи во грчко училиште во Охрид. Во периодот од 1830 до 1832 година работел како учител во Охрид, а потоа го продолжил своето образование во средното училиште во Јанина (1833-1836). Помеѓу 1836 и 1839 година повторно учел во Охрид, но бил принуден од грчкиот епископ да го напушти училиштето. Предава во училиштата во Струга (1839 – 1840), Кукуш (1840 – 1842), во грчко училиште во Битола (до 1855). За време на Кримската војна (1853 – 1856), тој отпатувал за Босна и Херцеговина. Во 1836 година, како наставник во Прилеп, успеал да го воведе изучувањето на бугарски јазик во грчко училиште. Поради својата патриотска активност, тој бил прогонуван од грчкото свештенство. Учителствува во Кукуш (1857 – 1859), Струга (1859), Охрид (1860 – 1861), ја продолжува борбата за рамноправност на Бугарите и нивната култура. Обнародува дописки во Цариградскиот вестник, ги обиколува македонските села и градови за да се собере помош за доизградувањ на бугарскиот храм „Св. Стефан „во Цариград. Тој бил уапсен од страна на турските власти на 16 февруари 1861 година. Лежи во затворите во Охрид, Битола, Солун, Цариград. Починал во цариградскиот затвор, најверојатно од тифус (има сомнежи дека бил отруен заедно со неговиот брат Константин). Меѓу најголемите заслуги на Димитар Миладинов е собирањето и издавањето на збирка автентични бугарски народни песни од Македонија под насловот „Български народни песни“ (јуни 1861 година, Загреб, заедно со неговиот брат Константин Миладинов).

19 ОКТОМВРИ: На денешен ден: (ПЕСНА ЗА КАПЕТАН БАРДАРОВ)

1917 година загинува Христо Бардаров. Христо Бардаров е роден на 17 март 1890 година во Разград. Командува со 2-ра митралезна чета на 19-ти пешадиски шуменски полк. Во Првата светска војна неговиот полк 3 години го заштитува Охрид од позииците на Мокра планина, каде и загинува на 19 октомври 1917 година. На 20 октомври 1917 година бил постхумно произведен во чин мајор. Пренесен е и е погребан во дворот на црквата „Свети Ѓеогри“ во Струга, каде постојано се палени свеќи во негов спомен. Властите на комунистичка Југославија го уништуваат неговиот споменик после 1944 година.

Здружението на македонските бугари „Хоризонти“, поставува на 19 октомври 2004 година, паметна плоча на Христо Бардаров плод во неговиот роден град Разград.

Христо Бардаров е братучед на полковник Христо Бардаров, аѓутант на цар Борис III.

Споменот за Христо Бардаров сеуште е жив во Охрид и Струга, каде и до денес се пее народната песна посветена за капетанот од бугарската армија.

Во продукција на граѓанскиот комитет БМОРК-Илинден-Преображение ( основан по иницијатива на Бугарскиот Културен Клуб-Скопје (БККС) по повод 110 години од Илинденското востание и 120 години од основањето на БМОРК) во студио 1 на БНР е снимана народната песна за Капетан Бардаров.

Песната за капетан Христо Бардаров во целост може да jа слушнете тука.

14 Октомври: На денешен ден:

На Каменскиот мост во Скопје, српскиот престолонаследник (иден крал) и водач на српската војска, Александар Караѓорѓевиќ, е пречекан со цвеќиња од деца во градот. Меѓу нив е и 7-годишната Васка Зојчева. На неговото прашање: „Па шта си ти?“ („Што си ти?“), Детето одговара „Бугарка!“ . Шокиран од одговорот, идниот српски крал и удира шлаканицата на малото девоjче …

Негативните реакции од оваа постапка во светот го тера Александар Караѓорѓевиќ, веќе како крал на Кралството на СХС, да продолжи да се интересира од семејство Зојчеви. Српската легација во Софија во 1920 и 1921 го бара Данаил Зојчев (таткото на Васка Зојчева) за да му го предложи следново: да му бидат предложени еден милион тогашни левово, за да соопшти јавно дека е измислица тврдењето дека принцот и удрил шлаканица на девојчето. Даниел е поканет во амбасадата, но тој одбива да отиде и да земе поткуп. Кралот Александар дури и по многу години не престанува да се интересира што се случило со девојчето, каде се наоѓа и.т.н.

Во израз на незадоволство од настанот се вклучува и големиот бугарски поет Иван Вазов и во емоционален изблик на чувства ја пишува стихотворбата ʺПа шта си ти?ʺ:

„Па шта си ти?“ – такъв въпрос задава
във твоя дом безочлив чужденец.
„Па шта си ти?“ – с такваз псувня смущава
душата ти некакен пришълец;

„Па шта си ти?“ – туй питане навред –
при Дрин, при Шар, при Вардар, Преспа драга
о, бъларино, сърбин ти полага
и чака с начумерен лик ответ.

Но ти пази се, прав ответ не давай.
Кажи се португалец кюрд, сириец,
лапонец, негър, циганин, индиец –
но българин се само не признавай.

Че тоз грях смъртен прошка там не знай:
влече позор, побой затвор, изгнанье –
невидени при прежните тирани.
Скрий, че си българин в най-българския край;

че си потомък Самуилов, на Атонский
Паисий внук; скрий на коя си майка син,
на кой язик пей мътний Вардар, синий Дрин,
и езерата и горите македонски!

Не споменувай Лозеград,
Люлебургас, ни Булаир ужасни:
ти би разбудил подозрения опасни,
че на героите техни може да си брат.

Мълчи! А вместо тебе всеки дол, пътека,
дъбрава, езеро, река, рид, планина
ще викат с глас през всички времена:
„Тук българи са, българи от памтивека!“

27 СЕПТЕМВРИ: На денешен ден:

На 27 Септември 1974 година во Софија умира видниот бугарски политичар и новинар, револуционер, деец на ВМОРО- Георги Кулишев.

Роден е 1885 година во Дојран. 1904 година завршува со деветнаесеттиот випуск Солунска бугарска машка гимназија. За една година од 1904 до 1905 година е учител во родниот град, а подоцна во Штип и Солун. Се придружува на ВМОРО. Делегат е на конгресот на Солунскиот револуционерен округ во 1905 година, на кој е избран за член на Солунскиот окружен револуционерен комитет. Во 1906 година, е уапсен во Солун и затворен во Еди куле.

По Хуриетот од 1908 година учествува во формирањето на Сојузот на бугарските конституциони клубови и станува член на градското биро на партијата во Солун. За време на Првата балканска војна е во Солун и пишува во весникот „Бугарин“.

По Балканските војни во 1914 година Кулишев завршува право на Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“. Тој пишува во весникот „Родина“. Работи во Министерството за надворешни работи во дирекцијата за печат.

По Првата светска војна, Кулишев е истакната фигура на македонската емиграција во Бугарија. Претставник е на Дојранското братство од Второто заседание на основачкиот собир на Сојузот на македонските емигрантски организации, одржан во Софија од 22 до 25 ноември 1918 година.

Од 1921 до 1922 година бил секретар на бугарската легација во Цариград.

За време на меѓувоениот период, бил активен учесник во работата на Внатрешната македонска револуционерна организација. На 7 јуни 1920 година Кулишев поднел барање за членство во масонската ложа „Светлина“.

Избран е на изборите на 29 мај 1927 година за пратеник во 22 Народно собрание (1927 – 1931) од општограѓанската листа на Демократската партија од Горноџумајската изборна околија. На 1 јули 1927 година Кулишев при расправата ја мотивира новата парламентарна група со следната изјава:

„Ние не сме посебна партија, а сме само посебна парламентарна група. Ние, пратениците од Петричкиот округ, дојдовме тука со љубов кон Бугарија, со искрена и длабока приврзаност кон бугарскиот народ и неговата слободна држава – да соработуваме не на одделна партија против друга партија …“

Свидетелство на Кулишев