18 ЈАНУАРИ: На денешен ден:

1830 година, во Охрид е роден Григор Прличев – бугарски писател, преведувач, општественик. Учи во Охрид, учителствува во Тирана. Студира медицина во Атина, но ги прекинува поради финансиски потешкотии. Учител е во Прилеп и Охрид. Од 1858 година продолжува со студиите на Медицинскиот факултет во Атина, се префрлува на Филолошкиот факултет. Во 1860 година ја освојува првата награда на годишниот поетски натпревар со неговата поема „O Armatalos“ („Сердарот“). Од 1860 година е учител во Охрид. Во 1862 година ја напишал поемата „Скендербег“. Го заменува грчкиот јазик со бугарски во училиштата и црквите (1863). По негова иницијатива во 1869 година е основано првото Читалиште во Охрид. Тој е автор на стихотворби („Докога, братја мили б’лгари“, „Чујте чеда македонци“, „Песна за уништувањето на Охридската Патријаршија“ и други.); на слова за Кирил и Методиј, Климент Охридски и други; на дописки во весник „Време“, „Македонија“, „Право“. Во 1884 година ја напишал „Автобиографија“ (1894, постхумно). Прличев е првиот бугарски преведувач на Хомер.

Софија слави 141 година од своето ослободување

Софија слави 141 година од ослободувањето на градот од турското ропство.

Со празнично чукање на камбаните на централните софиски храмови, благодарствени молебен и литија ќе биде одбележана годишнината од доаѓањето на руските војници под предводителството на генерал Јосиф Владимирович Гурко во Софија и ослободувањето на градот од турско ропство.

Софија е ослободена пред 140 години без насилства, без пожари, како се планирало. Тука брзата реакција на руските војници кои продираат светкавично во градот и отпорот на западните конзули кои одбиле да го напуштат, како и волјата на жителите на градот, водат до неговото ослободување во 1878г.

30 ДЕКЕМВРИ: На денешен ден:

1909 година завршува организациската обиколка на Христо Чернопеев во Струмичкиот револуционерен округ за востановување на нелегалната борба. Тој ја започува својата обиколка на 14 декември 1909 година. Христо Чернопеев се вклучува во дејноста на ВМОРО кон крајот на деветнаесеттиот век. Во Кукушко раководи школо за обука на идните војводи. Учествува во аферата Мис Стоун. За време на Илинденско-Преображенското востание во 1903 г. води битки со турски војски во регионот Разлог. По разгромот на востанието, продолжува со својата револуционерна активност. Тој одржува блиски контакти со Јане Сандански. По младотурската револуција од 1908 година, учествува во формирањето на Народната федеративна партија (бугарска секција). Во 1911 година станува член на Централниот комитет на ВМОРО. За време на Балканската војна (1912-1913), се приклучува кон Македоно-одринското оплчение, раководи чета во Родопскиот одред. Учествува во Првата светска војна (1914-1918). Загинува во борбите кај Криволак.

21 ДЕКЕМВРИ: На денешен ден:

1880 година во Смилево е родена Донка Ставрева Ушлинова или Донка Комитката.
Член на ВМОРО подоцна војник во бугарската армија и подофицер, учествувала во балканските и првата светска војна!
Донка се омажила млада на 15 годишна воздраст за Ставри Христов од село Лера (битолско). Додека мажот и бил на печалба започнал да ја следи и вознемирува локалниот чифлиг-сајбија Реџо Беј. Таа го убила со помошта на нејзината јатрва Сребра Апостолова и нејзиниот маж (исто членови на ВМОРО). По убиството преминале во илегала и се криеле во планините, каде што го нашле ресенскиот војвода Славејко Арсов кој ги облеков во четнички униформи и го примил во неговата чета.Подоцна по одмазда за убиениот бег властите и ја разрушиле куќата. За време на Илинденското востание учестувала во над 20 борби со аскерот кај ресенско, кај селата Лева Река, Златари, Смилево…

По востанието преку Србија пребегала во Бугарија во Варна каде што се нашла со својот сопруг. За време на балканските војни заедно со Ставри Ушлинов била доброволец во втората рота на осма Костурска дружина на Македоно-одринското ополчение. За време на војните учествувала во многу битки и била унапредена во заповедник добила и два медали за храброст од трет и четврт степен.

Во првата светска војна била доброволец во Вториот Пешадиски Македонски полк преименуван во 60-ти пешадиски полк на 11-та дивизија. Учествувала во Дојранската битка, битките кај Јаребична и Круша планина. Наградена била со орден за храброст втор степен и унапредена во подофицер. По војната била наградена со орден за храброст од прв степен заедно со нејзиниот сопруг лично од тогашниот министер на војната Генерал-полковник Никола Жеков, била предложена и за офицерски чин но крајот на војната го стопирал повишувањето.

По крајот на војната се вратила да живее во Варна заедно со нејзиниот сопруг, добиле еднократна парична помош од 10 000 лева, изградиле куќа во која во 1924 година им се родил синот Александар. Се до нејзината смрт била член на Варненското друштво на резервни офицери – Другарски Сојуз. Посмртно Македонскиот женски сојуз издал некролог:

„Почина Донка Војвода, револуционерна жена, хероина, несебичен и храбар борец за родните идеали …“