Украинските сили ненадејно започнаа голема контраофанзива во Курск, тврдејќи дека Русија „го добива она што го заслужува“. Ова го потврди и руското Министерство за одбрана, кое соопшти дека контраофанзивата на украинските сили започнала околу 9 часот наутро.
Како што соопшти руското министерство, украинските сили извршиле напади кон Бердин во областа Курск.
Украинскиот центар за сузбивање на дезинформации потврди дека украинските сили извршиле ненадејни напади врз руските сили на неколку локации во областа Курск во Русија.
Русите се многу загрижени во областа Курск. Тие беа нападнати од неколку правци и тоа ги изненади. Одбранбените сили работат“, изјави Андриј Коваленко, шеф на центарот.
Еден руски воен блогер рече дека Украина започнала „итен контранапад“. Руското Министерство за одбрана соопшти дека нападот е одбиен и дека непријателските групи се поразени. Министерството за одбрана тврди и дека 340 украински војници се убиени или ранети и дека се уништени четири украински тенкови, пренесува Телеграф.рс.
Украинската војска соопшти и дека противвоздушната одбрана соборила 61 од вкупно 103 беспилотни летала лансирани синоќа од Русија, а дека 42 беспилотни летала „исчезнале“ од радарите.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука