
Македонски државјанин е пронајден мртов во познатиот зимски ски-центар „Банско“, Бугарија. Според бугарските медиуми, најверојатната причина за смртта е срцев удар.
Несреќата се случила вчера во доцните попладневни часови на патеката „Шилигарника“.
Како што се пренесуваат изјавите на спасувачите, 52-годишниот маж пеш се качувал на дел од патеката. Благовест Обецанов, шеф на волонтерскиот тим за спасување во Банско, раскажал како било пронајдено телото:
„Еден од работниците на жичарницата пријавил во Планинарската служба на „Шилигарника“ за онесвестено лице. Момците реагираа адекватно, се упатија на терен и почнале со реанимација, која траела околу 40 минути. Дошла брза помош, но само констатирале дека нема срцева активност. Човекот имаше голем срцев удар“, пренесуваат бугарските медиуми.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука
