Прашањето за Косово нема да биде меѓу приоритетите на Трамп, а проблемот во закочениот дијалог не е ниту во Брисел, ниту во Вашингтон, туку во Белград и Приштина, истакнува Томас Кантримен, поранешниот помошник-државен секретар на САД за Европа во изјава за „Косово онлајн“.

Запрашан за можноста новата американска администрација на чело со Доналд Трамп да го реши прашањето за Палестина и Израел преку „територијално решение“ по пример на косовското прашање, поранешниот американски висок дипломат е скептичен дека тоа ќе се случи.

„Нема да коментирам за Палестина и Украина, но кога станува збор за Балканот, српско-косовскиот проблем нема да биде прв приоритет на Доналд Трамп. Всушност, нема да биде ниту меѓу првите 50 приоритети“, истакнува Кантримен.

Тој смета дека идејата за поделба на територијата не била добра.

„Реков пред пет години кога првпат беше спомнато дека тоа не е добра идеја. Не е добра идеја бидејќи тогаш нема да има крај. На Балканот нема етнички чисти држави и ако една земја не може да живее како мултиетничка земја, проблемот не може да се реши со размена на луѓе или територии“, вели Кантримен.

Тој додава дека е погрешна перцепција дека најодговорни за застојот во преговорите се САД и ЕУ.

„Ми се чини дека проблемот на дијалогот меѓу Белград и Приштина не е ниту во Вашингтон, ниту во Брисел, проблемот е во Белград и Приштина. И новиот американски претседател не може да го промени тој факт“, нагласи Кантримен.

Тој прецизираше дека е невозможно на ист начин да се решат конфликтите во појасот Газа и Украина.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO