Синот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Воено индустрискиот комплекс сака да се погрижи третата светска војна да започне пред неговиот татко да дојде на власт.
„Изгледа дека Воено-индустрискиот комплекс сака да се погрижи да започне 3-та светска војна пред татко ми да има шанса да создаде мир и да спаси животи. Треба да ги стопираме тие трилиони долари. Проклети да сте, имбецили“, напиша Доналд Трамп помладиот на социјалната мрежа „Х“.
Администрацијата на претседателот Џо Бајден ќе и дозволи на Украина да користи оружје обезбедено од САД за да нападне длабоко на руска територија, рекоа три извори запознаени со ова прашање, што претставува значајна промена на политиката на Вашингтон во украинско-рускиот конфликт, пренесува Ројтерс.
Украина планира да ги изврши првите напади од долг дострел во наредните денови, рекоа изворите, без да откријат детали поради оперативни безбедносни грижи.
Белата куќа не ги коментираше извештаите.
Доколку се потврди, тоа би претставувало голема промена во политиката на САД во услови на долгогодишни молби од Киев да дозволи такви акции.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука