Претседателот на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими реагираше на повиците на претседателот на ДУИ и на косовската партија ПДК за заштита на употребата на албанскиот јазик во Македонија и ги повика политичарите во Тирана и Приштина „да не се залажуваат со фикција“.
Тој напиша дека ДУИ еднаш ги измамила Хашим Тачи и Еди Рама дека албанскиот јазик во Македонија станал официјален, а сега пак ги залажуваат тврдејќи дека е загрозен.
„За жал, во Приштина и во Тирана има политичари кои веруваат во овие фикции, но заборавете дека не постои начин албанскиот, како малцински јазик, да биде позагрозен отколку што е. Се разбира, за оние од нас кои живееме овде, знаеме дека подтекстот на овие солзи „зад јазикот“ е страста за моќ и стравот од правдата. Заврши времето на измамниците“, наведе Ибрахими.
Тој реагираше на повиците на претседателот на ДУИ и на ДПК за заштита на употребата на албанскиот јазик во земјава.
Партијта на Али Ахмети упати уште едно писмо до меѓународната заедница, но и до Албанија и Косово, дека со одлуката на Уставниот суд за преиспитување на Законот за јазиците е загрозен мултиетничкиот карактер на државата. Од партијата повторно упатуваат апел до меѓународната заедница, САД, НАТО и Европската Унија, како гарантори на Охридскиот договор, но и до граѓанското општество и до Република Албанија и Косово, како што велат, итно да реагираат „против оваа опасност“.
-Не можеме и не смееме да дозволиме самиот темел на мировниот договор да биде доведен во прашање. Ова е линија што не треба и не смее да се премине! Албанците се длабоко вознемирени и разочарани од овие обиди да се врати државата назад, во време кога заедничката цел треба да биде напредок кон праведно и инклузивно општество, порачаа од ДУИ.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука