Премиерот Христијан Мицкоски, денес изјави дека доколку релевантна институција констатира дека директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски го лажирал „ТОЕФЕЛ“ сертификатот за познавање на англиски јазик, тогаш ќе биде разрешен.

-Доколку тоа го констатира соодветна институција, а не опозициската СДСМ и исплашените поранешни разузнавачи коишто АНБ ја претворија во тврдина за борба против опозицијата во времето кога ние бевме опозиција тогаш, да. Но, секако тоа нема да биде притисокот што доаѓа од овие кодошко-удбашки инсталации во редовите на СДСМ, за нас креативни соговорници кои треба да нѐ натераат да работиме под притисок. Напротив, дополнително ме мотивира кога овие кодошко-удбашки инсталации во СДС и ДУИ напаѓаат чесни луѓе кои си ја сакаат и работат за својата татковина, рече Мицкоски.

Откако му беше посочено дека всушност бугарските медиумите објавија дека таков центар за полагање на сертификат не постои во Пловдив, премиерот остана на тврдењето дека сите законски услови се исполнети околу именувањето на Христовски за прв човек на АНБ.

-Јас тврдам дека сите услови, согласно Законот се исполнети. Единствен којшто треба да констатира дали тие услови се исполнети е Антикорупциската комисија. Ги повикувам да истражи брзо, на брза трака да го стави овој случај како прв приоритет и нека истражи, рече Мицкоски, но напомена тоа да не биде како со случајот со неговиот син, кога опозицијата правела кампања, па потоа никој немал доблест да се извини.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO