Брисел со нетрпение очекува почеток на преговорите по Кластерот „Основи вредности“ со Албанија и со Северна Македонија што е можно поскоро, но за нашата држава откако ќе ги исполни релевантните критериуми што се договорени со Советот. Вака изјавила портпаролката на ЕК за проширување, соседска политика и меѓународни партнерства, Ана Писонеро во однос на одлуката на Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР), Албанија на 15 октомври да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја.

Таа додаде дека тие „релевантни критериуми“ ги вклучуваат уставните амандмани за вклучување на Бугарите во Уставот.

– Европскиот совет ја повика Северна Македонија да го забрза спроведувањето на овие измени, изјави Писонеро, додавајќи дека одлуките за следните чекори во пристапниот процес се во надлежност на земјите членки на ЕУ, а не на Европската комисија.

Досега се сметаше дека Албанија и Македонија одат во пакет, но вчерашната одлука на амбасадорите на земјите од Унијата дава зелено светло на токму спротивниот процес. Една од причините е што Македонија не ги исполни своите обврски во Преговарачката рамка, вклучително и вклучување на Бугарите како државотворен народ во преамбулата на Уставот.

Грција, исто така, постојано изразуваше незадоволство. Разликите меѓу двете земји започнаа откако претседателката Гордана Силјановска-Давкова во јуни ја нарече земјава само Македонија, а овој тренд го продолжи и премиерот Христијан Мицкоски.

Спор меѓу Албанија и Грција имаше и околу апсењето на градоначалникот со грчко потекло на јужната албанска општина Химара, Фреди Белери за купување гласови, кој беше осуден на две години затвор. Белери подоцна беше номиниран за европратеник од грчката „Нова демократија“, по што успеа да се избори за своето место во Европскиот парламент, а потоа беше ослободен.

Почетокот на преговорите со Албанија ќе биде даден на 15 октомври во рамките на меѓувладината конференција ЕУ-Албанија во Луксембург. Потоа ќе се отвори „Кластерот 1 „Основни прашања“.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO