Никогаш не сум кажал добар збор за Радев и нема да кажам ниту сега. Неговиот протокол очигледно направил пропуст, што не ја предвидел опасноста од нападот, кој се појави поради фотографијата на двајцата шефови на држави, во чија позадина нема знаме на РС. Македонија. Но, не ми се верува дека тоа е направено сознателно за да се омаловажи суверенитетот на нашиот сосед. Бугарија никогаш немала проблем со симболите (име, знаме, грб, химна) на таа земја. Се сеќавам дека при првата посета на претседателот Киро Глигоров во Софија беше развиорено знамето со ѕвездата од Вергина.

Проблемите меѓу двете земји се од друга природа и тие се видливи од изјавата на вицепремиерот Александар Николоски, но уште појасно во реакцијата или поточно во немањето адекватна реакција од страна на неговите внатрешно-политички опоненти, кои ги нарече „слуги“.

Николовски ги обвини дека потпишале договор со кој се признава дека Бугарија и Македонија имале „заедничка историја“ и заеднички корени, а тие, според него, немале.

Главниот проблем меѓу двете земји (а долгорочно и за самата РС Македонија) лежи во убедувањето на повеќето Македонци дека низ вековите суштествувал македонски народ кој зборувал на македонски јазик, но Бугарите се обидувале да го окупираат и асимилираат. Делумно успеале, но и денес го потискаат македонското малцинство. А оние граѓани на Република Македонија кои се определуваат како Бугари, па дури и како Македонци, но признаваат „заедничка историја“ и „заеднички корени“ се слуги и предавници.

Сè додека оваа слика битува во главите на повеќето Македонци, искрена соработка меѓу двете земји е невозможна.

Сообразувајќи се со овие претстави, политичарите кои го потпишаа Илинденскиот договор во 2017 година не прават никаков обид да го одбранат во суштината. Ниту еден истакнат претставник на претходната власт не кажа јасно и гласно нешто од видот: „Се разбира дека имаме заедничка историја, се разбира дека имаме заедничко потекло, но тоа не е закана за нашиот македонски идентитет. Точно спротивното. „Негирањето“ на овие историски реалности е закана…“

Наместо тоа, потписниците на договорот се правдаат дека „направиле компромис“ заради европската иднина. Исто како со Договорот од Преспа. На некој начин, Договорот бил понижување кое тие меѓутоа требале да го истрпат… Во Софија, пак, тоа неизбежно се разбира како обид за измама. Како во вицот со лудиот кој влечел четка за заби на конец и велел дека тоа е неговото куче. Меѓутоа, еднаш им рекол на психијатрите дека тоа е четка за заби. Кога го пуштиле од лудницата, ја погалил четката и рекол: „Еј кученце, кученце, како ги излажавме“.

Токму тоа чувство на бугарската политичка елита по потпишувањето на Договорот доведе до вето.

И тука доаѓаме до вината на нашата научна и политичка елита. Ако проблемот е силно искривена слика за минатото што доминира во РС Македонија, тогаш бугарската елита не прави ништо смислено за да им помогне на Македонците да ја преосмислат. Кога Костадинов изјавува дека повеќето граѓани на РС Македонија, вклучително и Александар Николоски, биле Бугари, тој го прави невозможно таквото преосмислување. Најмалку затоа што Николоски НЕ Е Бугарин. Ниту мнозинството од граѓаните на РС Македонија се такви. И тоа што пред повеќе од еден век повеќето од нивните предци биле Бугари (според тогашното разбирање) не означува дека Македонците се „јаничари“. Напротив, по околу еден век „одење по маките“ (според зборовите на проф. Димитар Димитров, кој ги признава бугарските корени), успеале да изградат своја нација и да не живеат под туѓ суверенитет. Ова очигледно не се разбира во Бугарија. И никој во Софија јавно не се спротивстави на изјавата на Костадинов!

Нема да има излез од кризата во односите додека двете земји не ги осудат како Николовски, така и Костадинов и немаат храброст јасно и гласно да ја одбранат филозофијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија, во кој е запишано: „Имајќи ја во предвид нивната заедничка историја што ги поврзува двете држави и нивните народи“. Тоа се реалностите. Две држави, два народа, заедничко културно и историско наследство кое треба да биде споделено.

Но, реалноста е дека Бугарија мисли дека Р.С. Македонија сака да ја излаже, а Р.С. Македонија смета дека Бугарија има „задни намери“. И не без причина мисли така!

Премиерот Заев, иако во завиена форма, во суштина ја призна заедничката историја и доби вето. Игуменот на Бигорскиот манастир изјави дека Бугарите и Македонците излегле од истата купел, но доби силна шлаканица од Светиот синод на БПЦ, а нашиот денешен патријарх изјавува дека Македонската православна црква треба да добие томос од Српската! И покрај тоа што анексирањето на македонските епархии на Бугарската егзархија кон Српската православна црква е наметнато со многу крв! (Се разбира, никогаш нема да го слушнеме мислењето на Костадинов по ова прашање).

Точно тука лежи суштината на проблемот. Луѓе како Николоски и Костадинов не им служат на интересите на Бугарија и на РС. Македонија, а на оние кои не сакаат европска интеграција на регионот. Осознавајќи или не, тие им служат на интересите на Кремљ и на хибридната војна што ја води против нашите земји и народи.

Автор: Николаj Василев-поранешен член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа

Преземено од ФАКТОР.БГ

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO