Коалицијата ВЛЕН најавува нов Закон за правично и адекватно застапеност на местото на досегашната алатка „балансер“, велат преку соопштение од трите партии кои ја сочинуваат заедничката коалиција.

-Коалицијата ВЛЕН, како нова сила и надеж на Албанците во Северна Македонија, цврсто најавува крај на долгата ера на злоупотреби и политички манипулации, која ДУИ ја користеше 22 години за одржување на власта. Оваа партија преку измами и пропаганда создаде деформиран систем кој им наштети на интересите на Албанците и го попречува нивниот напредок. Време е за радикални промени, за правда и правично претставување.

ДУИ, со долга историја на злоупотреби, ги злоупотреби државните институции за манипулирање со албанските граѓани. Третирајќи ги Албанците како „гласови“, а не како граѓани кои заслужуваат достоинство и еднакви можности, оваа партија го попречи професионалниот развој на Албанците во јавната администрација, истакнуваат од ВЛЕН.

Критикуваат дека многу Албанци останаа на позиции без дефиниран работен статус и покрај ветувањата дадени со години.

-Овие политики доведоа до губење на надежта и масовна миграција на нашата младина. Коалицијата ВЛЕН наместо „балансерот“ ќе воведе нов Закон за правична и соодветна застапеност, кој ќе гарантира целосна еднаквост и правична застапеност за сите етнички заедници.

Коалицијата ВЛЕН останува посветена на гарантирањето на правата на Албанците и на сите други етнички заедници, обезбедувајќи владеење кое се заснова на меритократија и правда. Крајот на навредливите политики е неизбежен, а ние сме подготвени да изградиме нов систем, каде граѓаните ќе имаат достоинство и надеж за иднината, стои во соопштението од владеачката коалиција.

Балансерот нема да се укине, туку ќе се преточи во Закон за рамномерна застапеност во јавната администрација. Како што кажа министерот Горан Минчев уште во јули, злоупотребите што се случуваа се главната причина, балансерот повеќе да не постои во формата како досега, туку стручноста да биде пред етничката припадност.

Идејата е да се промени методологијата при вработувањето и определена етничка припадност да не може да се смени за потребата на некој конкурс. За почеток, ќе се користат бројките од последниот попис и калкулацијата ќе се прави врз основа на резидентното население, а не на вкупно попишаното.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO