Италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани денеска ќе ги посети Црна Гора и Македонија, соопштија од италијанската амбасада во Скопје.

Тајани ќе се сретне со лидерите на двете земји во Скопје и Подгорица и ќе ја потврди постојаната посветеност на Италија за развојот, стабилноста и европската интеграција на регионот на Западен Балкан, се наведува во соопштението.

„Западен Балкан е приоритет на нашата надворешна политика на која постојано обрнуваме внимание на билатерално, но и на мултилатерално ниво како претседавач на групата „Пријатели на Западен Балкан“, со која повторно ќе се сретнам во Њујорк во неколку дена“, рекол италијанскиот министер и вицепремиер на тамошната Влада.

На Фејсбук страницата на Амбасадата на Италија во Скопје, објавено е дека Тајани во Македонија ќе се сретне со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, со претседателот на Собранието, Африм Гаши, со премиерот Христијан Мицкоски и со неговиот колега од ресорот, Тимчо Муцунски.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO