Драги Ѓоргиев, седум години го води македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања со Бугарија.

Исто толку години, опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргиев и другите членови ги портретира како сервилни кон власта на СДСМ, но и кон бугарските барања. Деновиве, лидерот на таа партија, Христијан Мицкоски, од позиција на премиер изјави дека тие не биле заштитници на националните интереси и најави нови лица на нивните позиции.

Комисијата беше формирана во 2017 година по потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија. Работеше со подеми и падови, а често врз интензитетот на средбите влијаеја и политичките искричења на релација Скопје – Софија.

Досега усвоија препораки за заедничко чествување на Кирил и Методиј, Наум Охридски, Климент Охридски и Цар Самуил и пет препораки за измени во учебници во Македонија и во Бугарија.

Ѓоргиев, во разговор за БИРН, на новите членови што ги најави Мицкоски им порачува да се држат што подалеку од партиите и од политиката.

БИРН: Премиерот Христијан Мицкоски рече дека мешовитата историско-образовна комисија со Бугарија не била заштитник на националните интереси на македонскиот народ. Како ја оценувате оваа изјава, дали основната задача на една научна комисија е да ги штити националните интереси?

Ѓоргиев: Според мене, таа изјава може да се дефинира како неаргументирана и неодговорна. Неаргументирана бидејќи во неа не постои никаков аргумент кога и на кој начин Комисијата „не била заштитник на националните интереси на македонскиот народ“.

Целиот разговор на Драги Ѓоргиев за БИРН може да го проследите ТУКА.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO