САД работат на тоа новата влада на Северна Македонија да го почитува Договорот од Преспа, подвлече помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан, пренесува Прототема.

За време на сослушувањето пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот, американскиот дипломат тврдеше дека контактите на американските пратеници се корисни за да се задржи Северна Македонија посветена на договорот.

Сенаторката Џин Шахин го постави прашањето нагласувајќи ги своите средби неодамна на самитот на НАТО во Вашинтон со македонскиот премиер Кристијан Мицкоски, албанскиот премиер Еди Рама и црногорскиот министер нагласувајќи дека во таа прилика слушнала за фрустрацијата што земјите од регионот ја имаат поради предолгото чекање на влез во Европската Унија.

„Северна Македонија настрада поради споровите со соседите, кои постојано ги менуваат (пристапните) барања за неа. Дел од нашата работа е дипломатски да подготвиме начин за (Северна Македонија) да го одржи договорот што го има со Грција. И мислам дека средбата што ја имавте, како и другите средби помогнаа работите да се задржат во оваа точка, за Грција да стане пријател на македонскиот пристапен процес, а не критичар. Истото важи и за Албанија“, посочи Џејмс О’Брајан во изјавата што ја цитира грчка Прототема.

O’Брајан додаде и за спорот на Северна Македонија со Бугарија и најави дека САД ќе останат фокусирани и активни во македонско-бугарските односи.

-Главното прашање е Договорот што Северна Македонија го има со Бугарија и штом Бугарија ќе има постабилна влада, треба да се разговара за точниот начин како треба да се спроведе. Така што тоа ќе биде областа каде што очекувам да бидеме поактивни, рече тој.

Премиерот Кристијан Мицкоски и претседателката Гордана Сиљановска Давкова рекоа дека официјално ќе го користат уставното име, но дека ќе го користат името „Македонија“ во изјавите како чин што произлегува од правото на лично чувство и самоопределување.

Грчкиот премиерот Кирјакос Мицотакис од своја страна од Самитот на НАТО во Вашингтон појасни дека еден од најважните аспекти на Договорот од Преспа е ерга омнес употребата на уставното име. Ова ги обврзува владетелите да ја користат Северна Македонија и надвор и внатре во земјата.

Дека нема простор за повторно преговарање за договорите со Грција и Бугарија изјави и американската амбасадорка во Скопје, Ангела Агелер. Таа истакна дека „договорите се направени. „Нема повторни преговори за Преспа, нема преговарање за напредок кон ЕУ. Ова е многу јасно“, нагласи Агелер.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO