Бугарската влада ги повика властите во Скопје да ги почитуваат преземените обврски во однос на Коридорот 8, кој треба да ги поврзе Албанија, РС Македонија и Бугарија.

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски пред една недела побара парите за овој проект да се пренасочат кон Коридорот 10.

Според ставот на бугарската влада, изјавите и постапките на властите на РС Македонија не само што се насочени кон кршење на меѓународните обврски, туку и негативно влијаат на колективната безбедност во НАТО.

„Трансевропскиот коридор VIII не само што ја поврзува Република Северна Македонија со Бугарија, туку има за цел да ја зголеми геостратешката автономија на ЕУ. Тој, исто така, станува клучна логистичка рута долж јужното крило на НАТО од Јадранот до Црното Море и е од огромно значење во актуелниот геостратешки момент. Откажувањето од изградба на основните компоненти на Коридорот VIII ја ослабуваат колективната безбедност на Алијансата“, се вели во соопштението на бугарскиот кабинет.

Еве го целиот текст на позицијата:

Владата на Република Бугарија со зголемена вознемиреност ги следи изјавите и декларациите на официјални претставници на Република Северна Македонија насочени кон кршење на меѓународните обврски во областа на инфраструктурното поврзување, вклучително и со пренасочување на европските фондови за изградба на железничката компонента на Коридорот VIII кон друг транспортен проект.

Потсетуваме дека Република Северна Македонија во неколку наврати ја презеде и потврди својата посветеност за инфраструктурно поврзување на двете земји, вклучително и Коридорот VIII – на пример, во Договорот за добрососедство од 2017 година и протоколите кон него од 2019 и 2022 година, Меморандумот за разбирање меѓу Албанија, Бугарија и Северна Македонија од октомври 2021 година, заедничката декларација на Албанија, Бугарија, Италија и Северна Македонија од ноември 2023 година, декларации од Самитот на НАТО од јули 2024 година и др.

Трансевропскиот коридор VIII не само што ја поврзува Република Северна Македонија со Бугарија, туку има за цел да ја зголеми геостратешката автономија на ЕУ. Таа, исто така, станува клучна логистичка рута долж јужното крило на НАТО од Јадранот до Црното Море и е од големо значење во актуелниот геополитички момент. Откажувањето од изградба на основните компоненти на Коридорот VIII ја ослабуваат колективната безбедност на Алијансата.

Република Бугарија во повеќе наврати го покрена прашањето за изградба на Коридорот VIII на највисоко ниво и успешно лобираше за обезбедување на европски средства за негова изградба, вкл. за Република Северна Македонија. Благодарение на бугарските напори, Коридорот VIII е вклучен во опфатот на европскиот транспортен коридор „Западен Балкан – Источен Медитеран“ како приоритет за ЕУ. На крајот на 2023 година, делницата Крива Паланка – Деве Баир беше назначена од ЕУ како еден од шесте водечки проекти на стратегијата „Глобален портал“ и финансирана со над 500 милиони евра грантови и заеми. Модернизацијата и комплетирањето на железничката компонента на Коридорот VIII на бугарска територија е дел од националната програма „Транспортна поврзаност 2021 – 2027 година“.

Ја повикуваме владата на Република Северна Македонија одговорно и со добра волја да пристапи кон сите преземени обврски и договори со цел навремена изградба на делниците од трасата на Трансевропскиот Коридор VIII на нејзина територија.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO