Хрватска прогласи три лица од Црна Гора за непожелни поради „систематски дејствија за нарушување на добрососедските односи со Република Хрватска и континуирана злоупотреба на Република Хрватска за внатрешни политички цели“. Одлуката на МНР на Хрватска се однесува за Андрија Мандиќ, претседател на Парламентот на Црна Гора, Милан Кнежевиќ пратеник во Парламентот на Црна Гора и Алекса Бечиќ, вицепремиер на Црна Гора.

-Министерството за надворешни и европски работи изразува жалење што мнозинството во Собранието на Црна Гора одлучи да ги игнорира континуираните повици на Република Хрватска да не презема потези што можат негативно да влијаат на нашите билатерални односи и на европскиот пат на Црна Гора.

Во тој контекст, се издвојуваат постапките на споменатите политички функционери, кои нивните постапки не можат да се сметаат за добронамерни и добрососедски во однос на Република Хрватска, ниту пак се во согласност со декларираната цел за членство на Црна Гора во Европската Унија, наведуваат од МНР на Хрватска.

Тензиите меѓу Загреб и Подгорица кулминираа на крајот на јуни кога Собранието на Црна Гора усвои „Резолуцијата за геноцидот во Јасеновац“.

Тогаш од Хрватска пристигнаа обвинувања дека „Црна Гора се потчинува на политиката на српскиот свет“.

После тоа, дел од хрватските пратеници во хрватскиот Сабор се заложија сите пратеници од владејачкото мнозинство кои гласале за споменатата резолуција да бидат прогласени за „персона нон грата“.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO