Ставот околу прашањето со наводното прекршување на Договорот од Преспа од страна на Македонија, „грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе го постави на Самитот на НАТО во Вашингтон“. Вака изјавил директорот на Канцеларијата за односи со јавноста и медиумите на грчкиот премиер, Панос Амирас во интервју за државната телевизија „ЕРТ“.

Тој нагласил дека средба меѓу Мицотакис и Христијан Мицкоски засега не е планирана.

„Секако дека ќе се постави и прашањето за кршење на основните одредби од Договорот од Преспа од страна на соседната земја. Не знам за планирана средба со премиерот на Северна Македонија. Не знам дали ќе се случи, но секако нема ништо што не е планирано од грчка страна“, изјавил Амирас.

За евентуалната средба на Мицотакис со претседателот на Турција, тој нагласил дека „не е планирана ниту со Ердоган“, но не ја исклучува можноста тоа да се случи особено во текот на утрешниот ден, појаснувајќи дека делегациите на двете земји во овој период имаат состаноци.

Грчкиот портал „Њусит“ нагласува дека Мицотакис, „непримерното однесување на соседната земја“ ќе го покрене директно на Самитот и ќе побара апсолутно почитување на меѓународниот Преспански договор, испраќајќи уште еднаш јасна порака дека европската перспектива на Скопје минува низ Грција.

Мицкоски, пак пред заминувањето за Вашингтон изјави дека доколку има средба со грчкиот премиер на претстојниот Самит на НАТО во Вашингтон, се надева дека ќе го задржат достоинството и дека ќе разговараат како партнери и како добри соседи.

-Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и како добри соседи, доколку дојде до таков разговор. Ако не дојде, се надевам дека набргу ќе дојде, истакна македонскиот премиер.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO