Репрезентативецот на Македонија Елиф Елмас за време на паузата од клупскиот фудбал беше дел од репортажата која ја направи „Билд“ неговиот семеен бизнис и слаткарницата „Мандарина“.

Семејството на Елмас веќе долги години ја работи познатата слаткарница, а во летниот период кога нема обврски кон клубот тука може да се забележи и Елмас.

Во репортажата за „Билд“ Елмас не крие дека ужива слободното време да го поминува во Македонија.

„Уживам кога сум во мојата татковина, па и на краток период. Доаѓањето тука ми помага да се опуштам и да ја разбистрам главата. Голем удел во тоа има што многу денови поминувам помагајќи му на мојот татко во слаткарницата. Во тие моменти не мислам на ништо друго и убаво ми е на тој начин да го поминувам времето“, изјави Елмас.

Покрај времето поминато во слаткарницата, Елмас не пропушта и да тренира за новата сезона.

„Вежбам секој ден и давам се од себе за да бидам максимално подготвен за подготовките со Лајпциг“, истакна македонскиот репрезентативец.

Веќе утре Елмас треба се врати во Германија каде што со Лајпциг ги започнува подготовките за новата сезона.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO