Зиадин Села вели дека Алијансата за Албанците е обединета и дека пратениците на оваа партија се во неговата група и ќе останат лојални на Европскиот фронт, пренесува ТВ21. Села рече дека Алијанса ги смета изборните ветувања како „дадени зборови“.

„Дали ги познавате пратениците на АА? Кои се тие? Дали се тука? Да. Затоа те прашувам. Сликата зборува погласно од зборовите. Пратениците се тука, имате шанса да ги видите. АА е обединета“, рече меѓу другото Села.

Села рече дека многу да го коментира Арбен Таравари.

„Таравари покрај печатите и штабот има и 100 лица. Така што не сакам премногу да ги коментирам изјавите на Таравари“. Ова меѓу другото го кажа Зиадин Села во коментарот на изјавите на Арбен Таравари на Дневен клик на ТВ21, кој истакна дека печатот и штабот на партијата остануваат кај него.

Села рече дека ги има сите докази дека ги има 2/3 од гласовите на партијата.

„Таравари нека продолжи патот каде што тргнал, некогаш вели дека го имам штабот, некогаш дека ги имам печатите. Тој велеше дека не се печатите и штабовите што ја прават партијата, туку народот. Го изгуби членството, го изгуби народот и остана со Мицкоски. Изгледа дека Таравари ќе заврши како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Села.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO