Сања Божиновска беше дел од огромна бизнис структура поврзана со Србија, Москва и Кина, пишува бугарски ФАКТОР.

Сања Божиновска, новата министерка за енергетика во Владата на бугаромразецот Христијан Мицкоски, за која беше објавено дека поседува бугарско државјанство, со докажано бугарско потекло, била раководител и на фирма во Бугарија.

Според расположивите податоци, Божиновска во Бугарија е поврзана со „РУДНАП ГРУП БЪЛГАРИЯ ЕООД“, регистрирана во Софија на адреса Обориште, искр 8, ет. 5. На истата адреса има 38 други фирми.

„РУДНАП ГРУП БЪЛГАРИЯ ЕООД” се занимава со проекти во областа на енергетиката, прозводство и трговија со електрична енергија во Бугарија и странство, производство и трговија со енергенси (нафта и гас, јаглен), складирање и транспорт и други активности поврзани со енергенси. Во 2012 година фирмата имала промет од 130, 627,000 лева или околу 65 милиони евра. Токму во тој период се случува промена кога Сања Божиновска станува управител на местото на Анна Живкова Китина, која пак во Бугарија се поврзува со седум фирми каде фигирира како управтел, претежно во консултансткист услиги. Во 2014 година, на местото на Сања Божиновска доаѓа Сандра Берберовиќ, извршен директор на Руднап груп. За целиот период фирмата имала еден, најмногу двајца вработени.

“РУДНАП ГРУП“ е холдинг компанија во сопственост на српскиот бизнисмен, Војин Лазаревиќ, која претежно се занимава со трговија со струја. Лазаревиќ се смета за осмиот најбогат српски бизнисмен кој, своевремено, според официјалната еводеција на централната банка на Русија, имал имот и парични средства од над 170 милиони евра.

Како краен сопственик на „РУДНАП ГРУП БЪЛГАРИЯ ЕООД“ се јавува „АЛТАРИЯ РИСЪРЧ ЛИМИТЕД“ од Кипар, која пак е сопственик на ограноците на Руднап Груп во Австрија, Унгарија, Србија, Македонија, Хрватска и Романија. И Руднап Груп и „АЛТАРИЯ РИСЪРЧ ЛИМИТЕД“ се поврзуваат со Војин Лазаревиќ. Во 2008 година беше отворена истрага за „перење пари“ за сомнителна продажба на „КРАУН АКВИЗИШН“, на контроверзниот босански бизнисмен, Дамир Фазлиќ на „АЛТАРИЯ РИСЪРЧ ЛИМИТЕД“.

Сања Божиновска се поврзувала и со „РУДНАП ДООЕЛ“ Скопје, каде била управител. Оваа фирма веќе не постои, затоа што на 06.12.2017 била под истрага на Финансиската полиција на Северна Македонија бидејќи имало сомневање дека ја оштетила државната енергетска компанија „МЕПСО“ за 700.000 евра.

Станува збор за блиска соработничка на Христијан Мицкоски во бизнисот со трговија со струја. Самиот Мицкоски, пак, кој во Владата на Никола Груевски беше директор на државните електрани „ЕЛЕМ“ е познат по вклученос во бизнис со струја. Опозицијата и медиите во Северна Македонија посочуваа дека Мицкоски располагал и со мали хидроцентрали во рамки на бизнисите со струја.

Сања Божиновска била и дел од раководството на „РУДНАП ГРУП ДОО Белград“, Србија, каде имала и две компании во ликвидација СОФТВЕР БИЗНИС БАУНДЛЕС СОЛУШНС и ИНТЕРНЕШЕНЛ ТРЕЈДИНГ СОФТВЕР ДОО. Божиновска била дел и од ЕСПАДА С.Р.О во Чехија, каде сега извршен директор е Љубомир Цветанов Гудев.

Војин Лазаревиќ е еден од најголемите бизнисмени на Балканот што се однесува на бизнисот со струја, заедно со Вук Хамовиќ. Во 2000 година двајцата се здружија во Energy Financing Team – EFT со која започнаа да го владејат енергетскиот пазар на Балканот.

Татко на Вук Хамовиќ е Радомир Раде Хамовиќ, генерал на ЈНА, за кој се смета дека бил припадник и на југословенските тајни служби чии врски се протегаат и егистираат до денес на повеќе земји и региони.

За само две години ЕФТ стана доминантна компанија во трговијата со струја во Србија, Црна Гoра, БиХ, Во секоја од овие држави практикувале ист модус – вишоците на струја ЕФТ ги купuвал ефтино, а недостатокот со скапи набавки. Раководителите на локалните државни енергетски компании со ЕФТ потпишувале договори неповoлни за нивните компании. Самите тендери за набавка на струја биле такви што условите биле најсоодветни токму за ЕФТ. Двоецoт Лазаревиќ – Хамовиќ биле и кoсопственици на српските “Национална штедилница“ и „Еуроаксис банка“ кои уште во 1994 година Слободан Милошевиќ ги отворил во Москва за заобиколивање на санкциите против тогашна СФРЈ. Преку нив на енергетските компании им давале кредити со кои пак од нив купувале струја. Против Лазаревиќ и Хамовиќ во БиХ, Србија и Црна Гора имало истраги кои главно завршувале поради недостаток на докази. Во истрагите против Хамовиќ учествувале и истражни органи на САД и Велика Британија.

Под името ЕФТ имало регистрирано 15 компании, а седиштето на главната фирма е во Кипар. ЕФТ имала дозвила за трговија со струја и во Германија, Австрија, Италија, Словенија и Романија.

Директор на ЕФТ-Македонија своевремено бил Кочо Анѓушев, македонски бизнисмен, директор на „Брако“ од Велес, кој неодамна САД го ставија на „црна листа“ заради сомнежи за корупција. Тој е професор на машинскиот факултет во Скопје каде професор исто така е и новиот македонски премиер, Христијан Мицкоски. Двајцата важат за блиски колеги и соработници.

Директор, пак, на ЕФТ-Бугарија беше Богомил Манчев, познат бизнисмен во енергетиката во Бугарија, против кого во 2013 година беше покренато обвинени за присвојување на 8.6 милиони лева од поектот „АЕЦ Белене“.

Според извори на Медиапул обвинителството ги истражувала зделките на НЕК со „ЕФТ-Бугарија“ за извоз на евтина струја во времето на тројца министри: Милко Ковачев, Мирослав Севлиевски и Румен Овчаров. Периодот е 2003 – 2007 година, а извезена е струја во вредност од близу 600 милиони евра. Таа е продадена од EFT Group во Словенија и други земји по дампинг цени, но не без добивка, што значи дека е купена доста евтино. Првичниот договор е продолжужан со бројни анекси. Прашањето кое истражителите си го поставуваат е зошто НЕК, која е трговец со електрична енергија, наместо директно да тргува, користела услуги на посредник и дали од зделката не е оштетена државата.

Во бизнисите со енергенси, Вук Хамовиќ има голема соработка со Кинезите, кои пак од скоро се објавени за нови големи инвеститори во енергетскиот сектор во Северна Македонија. Токму кинеската државна „CHINA THREE GORGES SOUTH ASIA INVESTEMENT LTD” е сопственик на “ALCAZAR ENERGY PARTNERS” која прокави интерес да гради ветропарк кај Штип. Дали кинеските инвестиции ќе дојdат токму преку врската Хамовиќ-Мицкоски и новата министерка за енергетика, Блгарката Сања Божиновска, останува да видиме.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO