Аљбин Курти, премиерот на Косово, рече дека Косовските безбедносни сили никогаш не биле побројни и повооружени од денес, пренесува „Репортери“.
Курти за време на говорот на парадата на единиците КБС и косовската полиција зборуваше за неодамнешните инвестиции во оружје и обука на војници преку образование во најпрестижните воени училишта во светот.
– Војската на Косово никогаш не била поголема од денес и подобро вооружена и опремена. Никогаш повеќе не била обучена и образована во најпрестижните воени академии на пријателските западни армии. Но, никогаш не била помоќна и подготвена да ја заштити нашата територија и суверенитет и нашите животи, бидејќи тоа е нејзината мисија, да го заштити Косово и да се развива и напредува заедно со нашите сојузници, рече Курти.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука