
Владиката Петар и владиката Григориј одбиле да учествуваат во литургијата, што вчера се служеше во Света Софија, со што предизвикале скандал на чинот на прогласување на нови македонски светители, дознава Религија.мк. За скандалот да биде уште поголем, се ова се случувало пред гостите од Српската и од Бугарската црква.
Владиката Григориј, утрово воопшто и не се појавил во Охрид, додека пак владиката Петар дошол, но демонстративно одбил на сослужува со архијереите на МПЦ-ОА, архиепископот Стефан и владиците од Србија и од Бугарија.
Информациите на Религија.мк зборуваат за две можни причини за ваквиот однос на двајцата владици. Едната, за која нашиот извор вели дека причината е што на сослужувањето во Света Софија во Охрид од БПЦ дошол Старозагорскиот митрополит Кипријан, кој неодамна беше дел од делегацијата на БПЦ што во Цариград сослужуваше со владици на Православната црква на Украина. Неколку дена подоцна Руската црква донесе одлука да ги екскомуницира петтемина владици на Бугарската црква. Од тие причини денеска во Света Софија Григориј и Петар практично ги следеле инструкциите на Руската црква. Сепак интересно е да се посчи дека во литургијата учествуваше српскиот епископ на Ниш Арсениј, кој немал никаков проблем да сослужува со Старозагорскиот Митрополит Кипријан. За разлика од него, македонските владици му рекле не на Архиепископот, што досега се нема случено.
Втората можна причина за ова скандалозно однесување на двајцата владици на МПЦ-ОА пак се поврзува со две одделни причини. Григориј наводно не дошол во Охрид бидејќи во протоколот за сослужување го немало пензионираниот митрополит на Куманово Јосиф. Нашите извори велат дека малку чуден е ваквиот став, бидејќи на сослужување бил поканет актиелниот Митрополит на Куманово Григориј и немало никаква причина да биде поканет и пензиониран владика од иста епархија.
Кај владиката Петар пак наводно друг бил проблемот. Односно неговата лична нетрпеливост кон викарниот епископ на Дебарско-кичевската епархија, епископот Антаниски Партениј. Домаќин на настанот беше Дебарско-кичевската епархија и на сослужувањето учествувал и Партениј заедно со сите други владици. Наводно тоа не му се допаѓало на Петар, па одлучил да го бојкотира сослужувањето.
Како и да е, нашите извори велат дека суетното однесување на овие двајца владици придонело денеска во Света Софија јасно да се види нивната самоизолираност. Нашиот извор додава дека на крајот, Петар сепак не ги пропуштил свечениот ручек.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука
