Српскиот патријарх Порфириј отслужи молебен со кој го означи почетокот на првиот сесрпски собор под името „Еден народ, еден собор – Србија и Српска“. Во Соборниот храм Свети Сава на Врачар, молитвено присуствуваа претседателите на Србија и Република Српска, Александар Вучиќ и Милорад Додик, како и претставници на претседателството на БиХ, Собранието на Србија, на Црна Гора и на Република Српска, претставници на владите на Србија и на Српска, претставници на Србите од регионот, како и претставници на научни и културни институции од Србија, Црна Гора и Српска.

По молебенот, српскиот ппатријарх Порфириј изјави дека соборноста е во природата на српскиот православен народ и дека каде и да Свети Сава и сите српски светители граделе храмови, православните Срби се собираат.

-Ние православните Срби се собираме, молиме на Бога и крстиме со три прста: Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух. Тоа сме ние, тоа го обликувал и одлукувал нашиот идентитет, и тоа е темел на нашето народно единство и самосвест. Таа вистина ја пее Десанка Максимовиќ. „Ја знам ко сам по звону што са задужбина немањићких пева, по томе што ме од Студенице до Милешева, прадедови гледају са иконостаса и што сваки у руци држи храм“. Или како што дрга песна вели: „Од Солуна до Будима, где год српских тића има…“, изјави српскиот патријарх Порфириј.

-Браќа и сестри, низ вековите до денес, од истокот до западот, од север до југ, независно од државните, политичките граници, културните простори, различните локални обичаи, наречја и дијалекти, каде и да живее нашиот народ, постои златна нитка која го поврзува и која го прави еден, единствен и непоновлив. Тоа нитка, браќа и сестри се вика православна вера и Српска Православна Црква. Сите добро знаеме дека низ историјата границите на државите и местата на живеење на нашиот народ се менувале. Меѓутоа, константа и гарант, како во минатото, така и во сегашноста, така и во иднина, нашето непоколебливо и трајно единство е живата православна вера, изјави српскиот Патријарх Порфириј.

Преземено од religija.mk

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO