Американскиот министер за одбрана Лојд Остин рече дека новата политика на Вашингтон да и дозволи на украинската војска да изведува ограничени напади во Русија со американска муниција ќе биде „многу, многу корисна за Украинците во иднина“.

Коментарите на Остин дојдоа неколку дена откако Бајден и даде дозвола на Украина да изврши удари со американска муниција на руска територија, иако тој ги ограничи тие напади на цели во близина на границата со Харков, каде што руските сили ги концентрираа своите напори.

Запрашан за намалената поддршка во САД, Остин рече дека верува оти има „силна поддршка за Украина“ и од двете политички партии, и покрај повеќемесечното одложување во испраќањето на последниот пакет помош до Конгресот.

Тој нагласи дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин веројатно нема да застане на Украина, туку дека конфликтот ќе се прошири“.

– Украина е важна, не само за потребите на Украина, не само за Европа – таа е важна за нас и за целиот свет. Треба да се погрижиме Путин да нема способност да ја згази Украина бидејќи, како што рече претседателот Бајден, има добри шанси, речиси сигурно, Путин да не застане тука. Ќе продолжи да напредува и во други акти на агресија, изјави Остин.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO