
Во светло на неодамнешните апсења во Урошевац за кои повеќе медиуми објавија дека синот на еден од уапсените косовци за шпионажа за Српската разузнавачка агенција БИА е новинарот Зекирја Шабани кој бил активен во изборната кампања за поддршка на коалицијата ВЛЕН и сегашниот претсецател на Собранието на Северна Македонија, Арбер Адеми од редовите на ДУИ за Локално изјави дека јавноста треба да е сериозно загрижена.
„Загриженоста на јавното мислење треба да се преточи во итна институционална акција како и минимална морална одговорност од Африм Гаши за соработка со српските структури во текот на целата кампања, а можеби и подолго. Ова не е единствениот скандал на Гаши од меѓународен аспект и со тек на време ќе се откријат сите киксови кои го прават неподобен за вршење на јавна функција кај нас“, изјави Арбер Адеми.
Тој, исто така истакна дека Гаши мора да и објасни на јавноста кои се причините зошто соработувал со соработник на БИА и каква била нивната улога во поддршката на поразените (ВЛЕН) на претседателските и парламентарните избори.
Оваа изјава доаѓа во време кога се појавуваат сериозни обвинувања за вклученост на српските структури и руските влијанија на Балканот.
Денес Милорад Додик од Русија изјави дека Република Српска ќе одржи референдум за независност од Босна и Херцеговина, а датумот ќе биде одреден во согласност со интересите на другите партии, а потоа објави дека ќе следи анексија кон Србија.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука
