Две лица се уапсени вчера на Косово, под сомнение дека шпионирале за Српската разузнавачка агенција (БИА).

Станува збор за Бедри Шабани и Мухарем Ќерими на кои Обвинителството веќе им одреди 48 часовен притвор.

Специјалното обвинителство ја потврди операцијата развиена во соработка со Косовската разузнавачка агенција и косовската полиција, која резултираше со апсење на двајца осомничени шпиони.

Според медиумите во Косово, еден од нив, поконкретно Бедри Шабани од Феризај, претходно работел на косовската царина.

Шабани е татко на новинарот Зекирја Шабани, кој е сопственик на порталот „Факте плус“, додека до минатата година беше уредник и во телевизијата АТВ.

Зекирја Шабани беше многу активен во изборната кампања на Северна Македонија, за поддршка на ВЛЕН.

Тој ја подготвил изборната кампања за Африм Гаши, кој е избран за претседател на Собранието на Северна Македонија, пишува Перископ.

За апсењето на Бедри Шабани, реагираше и косовската царина, преку објава на Фејсбук е објавено дека тој ја напуштил функцијата во Царината во 2004 година.

Преземено од voxnews.al

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO