
По случајот со врховниот судија Наке Георгиев и земањето поткуп од 10 илјади евра, истрагата се проширува и во Советот на јавни обвинители. Синоќа по наредба на судија на претходна постапка направен е претрес во Тетово во домот на членот на советот на обвинители Иџет Мемети и претрес во службените простории на Советот.
Има сомнение дека Мемети заедно со Наке Георгиев имал влијание злоупотребувајќи ја позицијата член на Советот на јавни обвинители во случајот барање на мито за олеснителни околности за екс-градоначалникот кој е во притвор, Боро Стојчев.
Мемети во два мандати беше народен правобранител, беше министер за правда, уставен судија, државен советник во Владата и член на Државната изборна комисија.
Во текот на денот се очекува какви мерки ќе бидат определени против Мемети.
Стојчев, поранешен градоначалник на Ново Село (во периодот октомври 2017 до декември 2018 година), во јули 2018 заедно со уште четири лица (дел од неговото потесно семејство), додека ја извршуваше функцијата градоначалник, беше фатен при обид за шверц на цигари во близина на македонско-бугарската граница. Во врска со делото тој беше осуден на 18 месеци затворска казна, која подоцна беше намалена на половина година.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука
