Македонскиот чувар на мрежата Столе Димитриевски по сè изгледа ја заврши својата ера во Рајо Ваљекано. Одличниот голман беше поврзуван со неколку клубови, а на крај неговиот избор паднал на Валенсија. Оваа информација ја пренесе експертот за трансфери Фабрицио Романо.
Италијанскиот новинар објави дека Македонецот ќе потпише договор со Валенсија до 2028 година. Тој додава дека Столе ќе го заземе местото на Мармадашвили кој кариерата ќе ја продолжи во Њукасл или Атлетико Мадрид.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука