Поранешниот претседател на Стопанската комора на Косово, Сафет Грџалиу, смета дека загрижува фактот што косовските институции кога се работи за економијата се ориентирани сите да бидат еднакви во сиромаштијата, а не во развојот и стабилноста. Грџалиу додава дека трансферот на инвестиции и капитал од Косово во земјите од регионот е многу загрижувачки, пренесува „Економија онлајн“.
И таа друга грижа што никој не ја забележува е тивкото бегство на капиталот од косовските компании во земјите од регионот и пошироко. Ако одите во Македонија, Албанија, Црна Гора и Словенија и другите европски земји, ќе бидете изненадени од бројот на инвеститори од Косово кои инвестираат во капитал во тие земји и тоа треба да биде најголема грижа, рече тој.
Тоа укажува дека не треба секогаш да се брои колку инвеститори го напуштаат Косово, туку што прават институциите за да ги мотивираат да останат во Косово.
Како што додава, заминувањето на работната сила и високите банкарски камати се дел од проблемите што го „гушат“ приватниот сектор во Косово.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука