Вулин порачува: При отсуство на кавга со Софија, анти-албанството е понудено прибежиште на Белата палата и „живаљевиќи“
„Србија е единствената земја која граничи со Северна Македонија, а која никогаш не побарала таа да го смени името, историјата, уставното уредување или официјалниот јазик…, а Српската православна црква (СПЦ) на Македонската црква ѝ овозможи независност и име. Северна Македонија за сето тоа на Србите им се заблагодари со признавање на т.н. Косово, а сега и со полетно учество во резолуција која треба Србите да ги прогласи за геноциден народ.“ – изјавува поранешниот шеф на БИА, Вулин.
Обидот за „меко“ вмешување во кампањата за претседателските избори е очекуван – токму затоа што од обете страни на Табановце/Прешево јасно дека ова се први избори во евроатланска Северна Македонија кои не се последица на политичките односи во Србија.
Особено откако се разјасни дека Томосот за автокефалноста на Охридската архиепископија доаѓа од Вселенската патријаршија, а не од Белград.
За прв пат по подолго време длабокиот општествен судир во српското општество е внатрешен:
– појавно, низ односите меѓу партиите од власта и опозицијата,
– суштински, илустриран со инсистирањето на српското општество на замена на српството како реторика на етничкото со србијанството како политика на државата.
Имено, „живаљевиќи“ од обете страни на границата се засегнати од непосакуваната зависност на состојбите во Белград од заглавеноста во Бања Лука.
Затоа принудно премолчуваат дека Резолуцијата за осуда на геноцидот во Сребреница е ослободување на српскиот народ од колективна стигма за злосторството спонзорирано режимот на Милошевиќ и неговите антени.
ВМРО-ДПМНЕ пред избор: Вулин или Вархеји?
Чувствувајќи го крајот на ерата на 1990-тите, скопските „живаљевиќи“, фри-шоп тајкуните во обид и нивните бардови распоредени во надпартиска коалиција за одржување на поредокот на старо Скопје почувствуваа дека се пресретнати и во претседателската кампања.
Прво им пропадна обидот со лажни вести и анкети да изградат перцепција дека Белата палата ќе се прошета на изборите за да се распореди во Вила Водно и Илинденска.
Потоа беа торпедирани од Вархеји кога им кажа дека нема промена на Преговарачка рамка, упатувајќи ги дека преговорите ги водат по таа рамка – со Брисел.
На крајот нивниот претседателски кандидат Силјановска – Давкова призна дека бара отстапница во тоа од кога да важат дополнувањата на Преамбулата согласно „Францускиот предлог“ – а не дали воопшто да се донесат.
Со тоа во две седмици „живаљевиќи“ признаа дека ВМРО-ДПМНЕ три години ја кочи целата нација на Северна Македонија и македонскиот народ во европската интеграција – за свои партиски и туѓи стратешки интереси.
А предлагајќи ги истите кандидати од минатите изборни листи, најавија и дека немаат намера да ја променат својата политика, влегувајќи во судир и со граѓаните на Северна Македонија и со македонскиот народ и со своето партиско членство.
До сега, на имиџ на „доминантност“. Од сега, на имиџ на „жртви во заштита на македонизмот“. Кон крајот на кампањата, како „конструктивни“ нудејќи „широка коалиција“.
За тоа ќе им бидат „виновни“ сите коишто сакаат Северна Македонија да има политичка Влада и Претседател со јасна цел, интеграциска програма и евроатлантска посветеност.
ФБ статус на претседателот на Движењето за Нова Република, Ивон Величковски
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука