Ало, Демохристијани!

Гордоста е смртен грев

Не е јасно дали кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, по своето убедување е либералка, социјалдемократка или демохристијанка, која за својата кандидатура ја бара и подршката на Црквата и на верниците.

Сите свои говори Гордана и Мицковски ги завршуваат со повикот Бог да ја благословел Македонија и со тоа дека ќе ја направат Македонија повторно горда.

А како демохристијани и верници, треба да знаат дека Гордоста е првиот и најголемиот од седумте смртни гревови во христијанството.

Не е лошо да појдат кај поглаварот на Македонскат православна црква Господин, Господин Стефан ,од кога бараат подршка за изборите да им каже дека:

Во христијанството постојат 7 главни, смртни гревови – главните пороци на човекот. Тоа се:

гордост

алчност

завист

гнев

дрчност

сладострастие

мрзливост

Кога Мицковскi и Гордана сакаат Македонија да ја направат повторно горда, треба да знаат зошто во христијанството гордоста се смета за најголемиот од сите смртни гревови.

Според психолозите:

ГОРДОСТ – тоа е кога луѓето се гордеат на своите квалитети во однос на други луѓе. Се гордеат бидејќи припаѓаат на одредена раса, класа, националност, група и слично. Во суштина, се сметаме за подобри во споредба со другите и со самото тоа мислиме дека заслужуваме почит, одобрување, прифаќање и љубов. Другите се помалку вредни од нас.

Коренот на овој порок е во недостигот на безусловна љубов во детството. Ако родителите на овој човек во неговото најрано детство биле ладни, строги, крути – настанува личност која се оградува со гордост.

Недостигот на родителско безусловно прифаќање создава внатрешна празнина, вакуум што личноста го исполнува со опипливи достигнувања (одличен спортист, одличен студент, напредок во кариерата и слично) или со замислени (припадност на одредена група, земја, нација, род и слично).
Човекот го надоместува недостигот на љубов со љубов кон самиот себеси – со гордост. Се сака себеси. Ако го прашате кому му треба заслуга, љубов, внимание, прв ќе се јави – нему!

А според Христијанството:

Христијанството гордоста ја дефинира како лажно чувстви за сопствена надмоќ, горделивост, надменост, острастеност, што е спротивно на смиреноста и кроткоста.

Гордоста вели христијанството е создадена од лаги, од неправеден однос кон себе и околината и од пристрасност.

Гордоста е ,според учените христијани и вистинските верници,желба да се претставиме себе си подобри од она што сме. Господ им се противи на горделивите и на смирените им дава благослов.

Во светото евангелие пишува:Гордоста е грев кој ангелот го претвора во ѓавол„.
Гордоста произлегува од духовната недораснатост и духовната запуштеност.

Суетата е во зачетокот на гордоста, – вели христијаството потоа таа се надоградува со потценување на својот близок, бесрамното разгласување на своите подвизи, со фалбаџиство во срцете, омраза кон прекорот и на крајот завршува со отфрлањето на Божјата помош, и воздигнување на своите сопстевни сили во ѓаволски карактер.

Гордоста означува губење на целокупното духовно богатство и губење на сето она што со мака и со пот се постигнало.

Со гордоста, заблудениот човек, (нација или држава) во својата надмена желба да се воздигне над другите се поништува себе си.

Гордоста е најголемат бедотија на душата, која во своето помрачување, мисли дека е богата. Таа одвратна страст не само што не ни дозволува да напредуваме туку и не бутка од постигнатите висини надолу во пропаст.

Гордоста му противречи на Бог кој ги создал сите луѓе еднакви. Со тоа горделивиот човек е неморален. Моралот ги нормира односите во заедницата.
А надмениот, годеливиот, кој бара таков статус за својата држава и нација се издвојува од заедницата.

Годеливот човек- вели христијанството, не е дораснат за љубов. Тој се сака само себе си, односно најмногу себе си. Заради таа самозаљубеност тој се изолира.
Човекот што инсистира на гордоста- вели христијанството е заслепен човек, тој не гледа подалеку од себе, од својата пропаст, пишува на својот Фејсбук профил Ѓорѓи Спасов, поранешен амбасадор.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO