„За да имаме брза и ефикасна реализација на одреден автопат или регионален пат треба да имаме решени имотно-правни односи, брзо решавање на имотно-правните односи, да имаме квалитетен проект и силен изведувач кој ќе работи на терен. Денеска изведувачите се ревносни, брзи, влегуваат со брзо проектирање, бидејќи тие го координираат проектирањето околу Коридорот 8“, изјави министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски во интервју на Слободен печат.

Во однос на прашањето дали на Коридорот 8 има експропријација, тој додаде дека на местата каде што има експропријација, тоа е процедура која треба да ја заврши државата.

„Голем дел од земјиштето е експроприрано, но има граѓани кои не се овде во државата. Има и некои коишто бараат поголема сума на финансиски средства за откуп и пристапуваат кон жалба на управен суд, којашто постапка малку се развлекува. Правиме максимални напори со сите служби кои ги имаме. Сите институции работат синхронизирано, со цел да ослободиме што е можно поголем дел од трасата“ потенцираше Бочварски.

Тој додаде дека на различни патни правци се јавуваат различни предизвици.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO