СДСМ утрово објави дека анкетите објавени на Националната телевизија МТВ за рејтингот на партиите се нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Според владеачката партија, ова се лажни анкети и претставува голем скандал.

Оттаму велат дека станува збор за реализација на цела шема, оперативен план подготвен од Републичкиот изборен штаб на ДПМНЕ на 05.12.2023 година за пласирање на лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, а објавени на МТВ, но и за други активности како пласирање лажни вести.

-Документите со потписи потврдуваат дека оперативниот план на ВМРО-ДПМНЕ го содржи она што и реално се случува. Предвидува креирање на емисија два пати неделно со анализирање на анкети од ИПИС на Владимир Божиновски, какви што веќе се емитуваа на МТВ. Дефиниран е и составот на гости во емисијата, да бидат аналитичари и тоа 3 опозициски и 1 од власта.

ДПМНЕ има и одговорен и за ширење лажни вести, а креираат и лажни вести преку „дувла“ кои ги објавуваат опозициски портали. Ова е голем скандал кој покажува дека лажните анкети се нереални и служат за манипулација на граѓаните а немаат врска со реалноста. Но исто така потврдува дека нема никаква промена во ДПМНЕ, порачуваат од СДСМ, додавајќи дека „пропагандата, злоупотребите на медиумите, ширењето лажни вести и нарачаните лажни анекти се истите методи на Никола Груевски сега ги спроведува Христијан Мицкоски“.

Во последните неколку месеци, МТВ постојано објавуваше анкети со рејтингот на партиите и политичарите во пресрет на изборите. На неколкуте анкети, ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседателка, Гордана Силјановска-Давкова имаа убедлива предност пред СДСМ и претседателот и кандидат за втор мандат, Стево Пендаровски.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO