Во услови на успешни напади врз руските рафинерии за нафта во длабокиот тил, Главната управа на разузнавањето во Киев, која стои зад операциите, го насочил погледот кон друга цел – Кримскиот мост што ја поврзува Русија со окупираниот полуостров. Неговото уништување е неизбежно, пишува Гардијан.
Изданието се повикува на високи функционери на ГУР, според кои се планира трет напад на објектот и неговото уништување е „неизбежно“.
За Путин, мостот е важен потсетник за она што тој го смета за едно од неговите најголеми политички достигнувања: „враќањето“ на полуостровот во Русија во 2014. За Киев, мостот е подеднакво омразен симбол на илегалната анексија на полуостровот. Неговото уништување ќе ја зајакне кампањата на Украина за ослободување на Крим и ќе го зајакне моралот на бојното поле и надвор од него.
„Ќе го направиме тоа во првата половина на 2024 година“, изјави висок функционер на ГУР, додавајќи дека шефот на службата Кирило Буданов веќе располага со „повеќето средства за постигнување на оваа цел“.
Шефот на ГУР се придржува до планот одобрен од претседателот Володимир Зеленски за минимизирање на присуството на руската морнарица во Црното Море, додава изворот на Гардијан.
Изданието одбележува дека не е јасно како ќе се развие украинскиот напад – „постојат сериозни сомневања дали ГУР е во состојба да спроведе специјална операција против толку добро заштитена и очигледна цел“.
Во февруари, Наталија Хумењук, шеф на Заедничкиот координативен прес центар на одбранбените сили на Јужна Украина, кажа дека Руската Федерација веќе се подготвува за уништувањето на Кримскиот мост.
Според неа, токму поради оваа причина Русите почнале да градат железничка линија во окупираниот дел од регионите Запорожје и Керсон. Тоа би им овозможило да избегнат целосна блокада во случај на уништување на мостот на Крим.
Претходно, командантот на поморските сили на Украина, вицеадмиралот Олексиј Неичпапа, најави дека Кримскиот мост ќе падне уште оваа година.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука