Славниот Дино Раѓа во разговор со „Меридиан Бет“ зборуваше на повеќе теми, но најмногу внимание привлече изјавата поврзана со веќе екс-кошаркарот на Партизан, Тристан Вукчевиќ.

Центарот не беше задоволен од минутажата кај „црно-белите“ и замина во НБА лигата, каде настапува за Вашингтон Визардс, но Раѓа се присети на еден совет кој му го дал на кошаркарот пред неколку години.

„Го познавам Тристан од мал. Кога заминуваше од Реал и се појави Партизан, му реков веднаш да оди и да го праша Жељко Обрадовиќ дали сака да му ги чисти чевлите или да оди да му купи нешто од продавница.

Тој е убедливо најдобар тренер кој точно знае како да ги развие кошаркарите уште повеќе и да го искористи сиот нивен потенцијал. Кога вика по тебе, тоа значи дека гледа напредок. Ако престане да ти зборува, тоа значи дека „кренал раце“ и повеќе нема да ја добиете неговата доверба“, изјави Раѓа.

Тристан Вукчевиќ замина од Партизан и се пресели во Вашингтон, каде исто така не добива преголема шанса и досега одигра вкупно дванаесет минути на само два натпревари.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO