Двата света + 1 свет на Македонија

Проблемот за адекватно изучување на поновата историја се должи на факт од непостоењето на сериозни аналитичари и аналитички методи , постоење на себенаречени аналитичари , односно промотори на партиските лидери и политики па до високо корумпирани новинари.

Секој ден овие 30 години не гњават на телевизии, посебно фреквентни пред секои избори, канети по новинарски терк и вкус, со чудни критериуми за адекватност, релевантност и пратени пред се дректно/индиректо од партиите, а посебно поголемите, парламентарни партии.

Да се вратиме во реалноста и констарираме дека до денес од прогласувањето на Независноста се соочуваме со бипартизам.

Корените на бипартизмот отпочнуваат со прогласување на независноста на оваа земја.

Долго, големите стратези во владата на Буш се нечкале каде новата држава да припадне.

За ова постојат неколку дебати и анализи на Белата Куќа како и доста стенограми кои ќе ги изучуваме еден ден но не и скоро.

Ниту еден во ЕУ тогаш , ниту еден државник не бил за нова држава Македонија и покрај Бадинтер комисии и слични глупости заради што , Македонија има посебна тежина заради гравитацијата и сомнителниот опасен домино ефект доколку би била зафатена од воен судар.

Оние предлог/глупости од Овен и Карингтон и платформи Изедбеговиќ-Глигоров беа само да се удоброволи Милошевиќ ,но се знаеше дека е безуспеш обид.

Едноставно Република Македонија во деведдесетите во покрупната констелација на односи, како и секогаш претставувала “Буре Барут” , каде “нежниот” дигестивен орган на ЕУ не можел да го поднеси, најмалку дигестира, a посебно не на една Франција на Митеран и игнорантски однос на една Германија на Хелмут Кол, зафатена со работите околку Хрватска и Словенија но и ангажманите со анексијата на Источна Германија.

“Аферата У-2” како пресудно решение за глобалниот статус на Македонија

Во Атина , САД го имаја амбасадорот Томас Најлс во тоа време а кој беше убеден од Атина дека со оваа наша држава ќе има многу големи проблеми.
Неговите стенограми до Департмент оф Стејт се многу неповолни по нас во тоа време.

Стенограмите од Анкара зборуваат за огромна загриженост на Турција по прашањето, Босна и Македонија.

Ова сето се прибира до аналитичките центри на Вашингтон.

Во Вашингтон веќе се убедени дека треба да посветат многу внимание на Македонија.

Одат на терен на север на земјата, дополнително ги следат авантурите на Милошевиќ и ЈНА, но картите кои ги поседуваат и тие и Македонија не соодветствуваат со реалната работа на терен.

Забележуваат дека сите топографски карти во нашата армија и полиција се далеку од реалноста и дека се недозволиво неточни со нивните сателитските снимања со ниска резолуција.

Затоа даваат наредба да од Британија ,а преку Авиано еден картографски У-2 авион ја сними одново цела територија во најмал детал да би била ситуацијата со Македонија по точна отколку онаа што ја имаме и ние и тие.

Воено дозволиво заради војната во Југославија и како превентивна мерка.
Авионот кружи многу денови над Македонија.

Еден адмирал на ЈНА го посетува Глигоров и покрај сите разговори го информира дека САД ја снимаат територијата на Македонија со У-2 авион од средна и мала висина.

Претседателот Глигоров, заради тоа што ја добива оваа информација од офицерот на ЈНА го повикува военото аташе, полковникот Фил Русчиолели на САД и со вербален протест дека без негово претседателско знаење се снима неговата држава и бара да сите снимки му бидат доставени оти се снимани на територијата на Македонија.

Военото аташе Русчиолели другиот ден оди во Монс во Белгија и на количка го пренесува цел снимен материјал во АРМ. Неколку сандаци дрвени (6) на број.
Се извинуваат вербално на претседателот за овој инцидент.

Анегдотата е во ова дека АРМ ниту ЈНА имала опрема да ги развија овие филмови снимени од У-2. Само 2 лаборатории во Европа можеле тогаш да ги развиваат тие филмови ,во Британија и во Рајмштајн во Германија.
Но, ете сепак ги имаме. Денес се секако во некаков подрум на АРМ да собираат прашина и да се спомен за главната работа-

Полковникот Филип Русчиолели во својот рапорт по овој инцидент донесува заклучок и препорака- Македонија да е под и дел на Јужното Крило на НАТО пактот во Неапол да би се одлепила од Србија и Бугарија и да се врати каде што и припаѓа – На Медитеранот , како заднина и логистика на Грција и Турција за толку многу важното Југоисточно Крило на НАТО алијансата.
Пентагон ова барање го прифаќа и Македонија се изместува од СФРЈ на Југ.

Доделениот Медитеран и Југ за Македонија носи / раѓа додатни внатрешно политички решенија

Психологијата на Медитеранските земји е со голем емотивен набој по сите прашања и затоа е добро да ситуацијата во тие земји се држи под контрола со БИПАРТИЗАМ.

Едноставно примерите како Шпанија , Португалија , Турција и Грција во тоа време даваат искуство на психолошко согледување на популацијата.

За Македонија се даваат две насоки-Републиката ќе е управувана до две партии. Двете партии ќе прават предизборни договори.

Демократското превземање на власта од победникот на избори ќе се случи тогаш кога овие две страни имаат предизборен договор. Или постизборни симулации и решенија.

Се применуваат сите искуства на ПАСОК и Нова Демократија во владеењето на земјата и институциите.

Посебно во тој момент земјата е во излез од еднопартискиот систем , отпочната транзиција/приватизација каде се соочува со формирање на групи на моќ кои треба да останат про-Западни до нејзиното приклучување на НАТО и ЕУ.

Најмногу загрижува папучната врска на Скопје со Белград и понатаму Москва, врски кои секогаш ќе имаат длабоки последици по политичарите и партиите во Македонија и пресметано, очекувано.

Преговори завршени пред избори

Во сите овие 30 години од нашата независност , сите преговори помеѓу парламентарните покрупни партии завршувале до денот на изборите до прв или втор круг.

Сите освен Пржино. За жал и заради односот на Груевски.

Преговорите за првата влада на Црвенковски па 1998, па 2001/2 па 2006 …и сите други завршиле пред да се случат изборите или во изборите.

Исклучок е Пржино каде се договарало и дење, а богами и ноќе.

Изборите на 8 мај ќе бидат договорени или се договорени дење. Сите симулации се направени и остануваат обидите кои тоа ќе прави влада. Што ќе прави опозицијата пред и опозицијата после избори.

Овие избори се последни избори со Медитеранско, Југ правило. Времето на Бипартизмот заедно со овие избори е уште едно историско зреење на оваа држава.

Повлекува нестабилни влади, реформи во адиминистрацијата, правосудството па до аграрни реформи.

Повлекува уште 2-3 -4 милијарди евра задолжување во зависност од ефикасноста на партиите и нивните договори.

До денес бипартизмот е највисокото тело кое ја раководи земјата. Од другите избори сета власт се враќа во парламентот.

Па кој разбра , разбра.

Зошто е сменет Никола Кљусев??!!

Во тоа време летото, отпочнува сударот во СССР републиките или Нагорно Карабах.

Грција, се мобилизира (ја става под мобилизација со закон само Олимпик Ервејс) по наредба на Мицотакис цело тоа лето да би ги извлекла грците или граѓаните на Грција од тој регион.

Томас Најлс, американскиот амбасадор во Атина заедно со грчката министерка за надворешни работи го информира Скопје дека веќе е во тек извлекување на грчки граѓани од Тбилиси, Грузија до Атина .

Од Ташкент и неколку други градови на средината на август се бара од Атина да бидат и евакуирани големи групи на славјанофони комунисти (македонци)од тие региони.

Се јавуваат директно на Кљусев како пример на Македонија,

Кљусев ги одбива со изговор- Не можеме повеќе да примаме бегалци , цела Босна веќе е на пат за Македонија и ќе пропадниме економски ако примаме и други бегалци. Ете нека ги прими Грција ние не можеме, одгорил Кљусев без да ја разбери ситуацијата на Мицотакис дека е и тој под опсада на избеглици од Албанија.

Ова се случува во средината и крај на август. Кљусев паѓа на почеток на септември.

До 1 октомври таа година десетици илјади избеглици од бившите републиките на СССР се вратени во Грција, а ние правевме влада и се пазевме од Милошевиќ.

Од оваа временска дистанца можеме да го оправдаме или критикуваме Кљусев но изгледа дека повеќе би го оправдале со хаосот со судирите во Југославија и менталниот хаос кои се чуствувал од замореноста на неговата влада со настаните во Југославија.

Од денешен аспект се разбира дека е лошо решение. Така и други помислеле тогаш.

Некои кои долгорочно, малку подолгорочно гледале на работите отколку ние, а се наоѓале во малку поконфорна ситуација и безбедност од нас.

Другото се е на историчарите.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO