Најголемата бугарска партија ГЕРБ се повлече од преговорите за формирање нова влада и покрај претходниот договор со ПП-ДБ да ја номинираат поранешната еврокомесарка Марија Габриел за премиер, партијата извести вчера, пренесува „Еурактив“.

Двете главни политички партии во земјата се согласија да го заменат актуелниот премиер Николај Денков (Да ја обновиме Европа, ПП-ДБ) со Марија Габриел (ЕПП, ГЕРБ) во потег без преседан, но очигледно тој обид пропаднал.

Ова значи дека Бугарија е на пат кон шестите парламентарни избори во три години, предизвикувајќи политичка нестабилност што може да им наштети на напорите на Бугарија да ѝ се приклучи на Еврозоната и да добие полноправно членство во Шенген.

„Се е готово. По изборите, одново ќе ги почнеме преговорите,“ најави Деница Сачева од преговарачкиот тим на ГЕРБ откако вчера завршија преговорите.

Партијата најави дека се повлекува од разговорите, наведувајќи ги како причина несогласуавњата со ПП-ДБ околу политичката контрола врз неколку министерства.

„Крајно време е да ѝ се стави крај на оваа политичка уцена пред која не ставија,“ нагласи Сачева.

Габриел тврди дека ГЕРБ и ПП-ДБ немале несогласувања околу клучните теми поврзани со управувањето со државата- борбата против корупцијата, реформата на безбедносните служби и судските реформи.

Димитар Ганев, политички експерт од социолошката агемнција „Тренд“, вчера посочи дека предвремените парламентарни избори може да се комбинираат со изборите за Европскиот парламент. Ако ова не се случи, одѕивот ќе биде многу мал поради уморот на бугарското гласачко тело.

Според Ганев, по изборите повторно би требало да преговараат истите партии за формирање влада бидејќи, во моментот, тие немаат политичка алтернатива.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO