ФСБ соопшти дека терористите кои го нападнале Крокус планирале да ја преминат границата со Украина и да се скријат.

„Терористите кои учествуваа во терористичкиот напад се обидоа да се скријат кон руско-украинската граница. Планирале да ја преминат границата и имале контакти на украинска страна. Терористичкиот напад во „Crocus City Hall“ бил внимателно планиран“, се вели во соопштението на ФСБ.

Исто така, извор од руската разузнавачка служба потврди дека навистина пристигнале информации од САД за подготовка на терористички напади во Москва.

Американските информации за подготовка на терористички напад во Москва содржеле општ карактер, без никакви специфики, тврди извор од руската специјална служба.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO